Преголема бирократија го отежнува пристапот на дваесетина деца до хормонот за раст

15 деца се уште се на листата на чекање да добијат хормон за раст. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Саниран пожарот на градската депонија „Острец" во Делчево

 Саниран е пожарот на градската депонија чиј густ чад во текот на вчерашниот ден беше видно заблежлив како се шири над градот Делчево. 

Пожарот во моментот е изгаснат, а како што информираа надлежните од комуналното претпријатие, гаснењето траело до доцните вечерни часови.

– Во попладневните часови во текот на вчерашниот ден, беше запалена, односно самозапалена депонијата за комунален отпад „Острец". Од страна на Јавното комунално претпријатие „Брегалница" Делчево веднаш е интервенирано со две градежни машини ровокопачи и камион кипер и до доцните вечерни часови опожарениот простор е саниран со земја и песок, информираа од ЈКП „Брегалница".

Со оглед на тоа дека опожарување на депонијата постојано се случува во попладневни часови за време на викенд, од претпријатието додадоа дека голем е сомнежот дека се работи за намерно запалување на истата, но не е исклучена можноста и од самозапалување.

– Поради ова во текот на денешниот ден до МВР ОВР Делчево ќе биде поднесена кривична пријава против непознат сторител заради испитување на случајот, додадоа од ЈКП „Брегалница".

Според сомнежот на надлежните опожарувањето го вршат лица кои собираат секундарни суровини.

Бектеши: Четвртиот сет на мерки до крајот на неделава

Очекувам до крајот на неделава да биде готов четвртиот сет на мерки за помош на граѓаните и стопанството. 

Со новиот сет на мерки ќе бидат таргетирани најпогодените сектори, но и граѓаните кои имаат најмногу потреба со цел за заеднички да ја пребродиме корона кризата, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Како што најави и премиерот Зоран Заев ние веќе имавме неколку состаноци, а одржавме и економски совет. Денеска продолжуваме со состаноците на кои ги правиме сите проекции. Веќе се добиени сите барања од стопанските комори и моментално се прават последните анализи. Како институција ги пративме и нашите предлози имајќи во предвид дека имавме повеќе состоноци со стопанските комори и очекувам дека во текот на неделава ќе излеземе со четвртиот сет на економски мерки со цел да им помогнеме на граѓаните, но истовремено и на стопанството, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција заедно со директорот на ТАВ Алпер Ерсој.

Тој нагласи дека не би можело да се каже дека земјава понудила најмала помош во околината за стопанствотоа ако се има во превид вредноста на првите три сета на економски мерки за справување со последиците од пандемијата со Ковид-19.

Просечната нето-плата во јули 27.231 денар

Просечната нето-плата во јули годинава била 27.231 денар, додека бруто платата изнесувала 40.640 денари. 

Според Државниот завод за статистика, во однос на јули 2019 година нето платата е поголема за 8,5 отсто, а бруто платата за девет проценти.

-Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (12,7 отсто), Информации и комуникации (12,4) и Дејности на здравствена и социјална заштита (12,3). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9,1 отсто), Уметност, забава и рекреација (7,1) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6,6), наведува Заводот за статистика.

Во однос на бруто платата, зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето во секторите: Образование (13,8 отсто), Дејности на здравствена и социјална заштита (12.6) и Информации и комуникации (12,2 процента). Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9 отсто), Уметност, забава и рекреација (6,8) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6,6).

притисни ентер