Шаријатски закон во пракса- 20 удари со камшик поради вонбрачен секс

Шест жени и еден маж биле јавно камшикувани во индонезиската област Ацех, под обвинение дека имале вонбрачен секс.

Страшната казна била изведена според шеријатскиот закон , а прекршителите добиле по 20 удари со камшик пред бројната публика. Една жена паднала од болка додека ја камшикувале пред џамијата во банда Ацех. Докторите се обиделе да интервенираат кога на бината за камшикување се онесвестил претепаниот маж , но полицијата ги спречила.

Сите претепани претходно поминале неколку месеци во затвор. Во оваа област во Индонезија , во која мнозинското население се Муслимани често се спроведува јавно камшикување , што е причина туристите да го одминуваат регионот Ацех.

Но, градоначалникот денеска се обрати до туристите и ги повика да ги посетат и да не се плашат од глетките на јавно камшикување и претепување.

„Постојано им кажуваме на посетителите да не се плашат. Вие нема да бидете камшикувани освен ако не го прекршите законот “, им  се обрари градоначалникот на туристите , додавајќи дека камшикувањето се врши  за оние кои го прекршиле законот да се покаат.

Претседателот на Индонезија Јоко Видодо повика на укинување на ваквата казна, но во покраината Ацех се уште се спроведува шаријатското право.

притисни ентер