Пендаровски иницира изготвување стратегиски документ со приоритети за развој на економијата

Пендаровски ги информира бизнисмените дека по иницијатива на неговиот Кабинет, тим од практичари работи на создавање стратегиски документ.

Фактот дека Македонија е на чекор до полноправно членство во НАТО и до почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ, дополнително ќе ја потврди државата како стабилно и сигурно место за водење бизнис и предвидлива дестинација за вложување, рече претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со претставниците од Американската стопанска комора во Македонија во неговиот Кабинет.

Пендаровски ги информира бизнисмените дека по иницијатива на неговиот Кабинет, тим од практичари работи на создавање стратегиски документ, кој ќе има за цел да ги постави приоритетите за развој на економијата во следната деценија, за периодот 2020 – 2030 година. Воедно побара од претставниците на Комората да се вклучат со свои сугестии при изработката на документот, истакнувајќи дека политичарите треба да ги слушаат и следат потребите на економистите и стопанствениците.

Претседателот истакна и дека во фокусот на неговата работа е подобрувањето на економската состојба во државата, како и дека ќе настојува потребите на стопанствениците да бидат соодветно артикулирани пред државните институции и при неговите посети во странство.

На средбата, тој укажа и дека политичарите треба да придонесат за создавање поволна бизнис-клима.

Пендаровски ги повика претставниците на Американската стопанска комора во Македонија да се вклучат со свои предлози и сугестии при носењето законски решенија од економката сфера во функција на подобрување на условите за водење бизнис во државата.

Германија наскоро ќе ја продолжи соработката со УНРВА

УНРВА - главниот обезбедувач на хуманитарни услуги во Газа - се соочи со голема криза .

Германската влада планира да ја продолжи соработката со Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) во Појасот Газа во блиска иднина, соопштија денеска германското Министерство за надворешни работи и Сојузното Министерство за економска соработка и развој.

УНРВА - главниот обезбедувач на хуманитарни услуги во Газа - се соочи со голема криза откако Израел обвини десетина нејзини вработени дека се вклучени во нападите на 7 октомври во кои загинаа околу 1.200 луѓе.

Неколку вработени беа отпуштени поради обвинувањата. Во деновите и неделите што следеа, 16 земји донатори - вклучувајќи ги и двата најголеми донатори, Соединетите Американски Држави и Германија - го суспендираа или паузираа финансирањето, оставајќи го со финансиска празнина од околу 450 милиони американски долари.

Откако се појавија наводите, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш вети сеопфатен преглед.

Експертите задолжени за истрага на неутралноста на ОН во светлината на наводите дека вработени на ОН биле вмешани во нападите врз Израел на 7 октомври денеска препорачаа заострување на заштитните мерки во „осум критични области“.

Во исто време, во нивниот извештај се вели и дека Израел досега не доставил докази дека одредени вработени биле членови на терористички организации.

Независната група, предводена од поранешната француска министерка за надворешни работи Катрин Колона, беше формирана на почетокот на февруари. /MИА

Фестивалот „Коачела“ казнет со 28.000 долари поради Лана Дел Реј

Популарниот музички фестивал, на којшто настапија светски ѕвезди како Шакира, Доџа Кет и „Ноу даут“, „Коачела“ (Coachella) заврши, но една од изведувачките ги прекрши правилата.

Се работи за американската поп-пејачка Лана Дел Реј, поради која организаторите на фестивалот ќе треба да платат казна од 28.000 долари... Имено, пејачката настапила 13 минути подолго од предвиденото и со тоа го прекршила договорот што организаторите го имаат со Градот Индио, каде што се одржува фестивалот, пишува „Ти-ем-зи“ (TMZ).

На фестивалот, имено, му се наплаќа дневна казна од 20.000 долари за првите пет минути од пречекорувањето на времето и дополнителни 1.000 долари за секоја минута потоа. /МИА

Прв круг претседателски избори, Канал 5 на избирачките места во Кисела Вода

Утринава Канал 5  беше на  отворањето на гласачките места во скопските Општини Карпош, Центар и Шуто Оризари.

Таму гласањето течеше мирно, без поголеми проблеми. Во моментов нашата екипа е во Кисела Вода во средното училште Васил Антески Дрен. Таму е Дејан Трајковски.

притисни ентер