Преголема бирократија го отежнува пристапот на дваесетина деца до хормонот за раст

15 деца се уште се на листата на чекање да добијат хормон за раст. Ќерката на семејството Здравковски има осум години и е висока еден метар, се уште носи облека за тригодшно дете.

 За да дојде на ред  треба дете кое зема терапија за раст да прекине, па таа да го добие хормонот. Шест години се на листата на чекање. Засега здравствената политика е само 100 деца може да земаат терапија на сметка на фондот.

„Моето дете е свесно дека нешто не е во ред, дека е многу пониско од другите деца. И трпи секој ден смеја на нејзнина сметка од страна на другарите, а нивните родители не им објаснуваат што е тоа. Целата терапија приватно ќе не чини над 350 илјади евра“, раскажува Александра Здравковска, мајка на дете со проблеми во растот.

Од Здружените „Раст“ велат дека напредокот за хормонот расте во милиметри бавно, исто како и нивните деца.

Претставник до Фондот за здравство и на денешниот ден посветен на растот кај децата не донесе насмевки кај родителите. И оваа година буџетот е само за 100 деца, а новина е што ќе се формираат регистари за хронични заболувања.

„Фондот дава пари за бројка на пациенти што ги добива, од клиниката ни дадоа бројка за 100 деца,с екако ако ја корегира бројката клиниката фондот ќе даде средства“, вели Цвете Серафимовски од ФЗОМ.

Од здружението со апел секогаш да побарате од матичниот доктор да ги измери детето и бројките да ги венесе на кривата за раст, за да се открие навреме неправилниот  раст кај детето.

v

притисни ентер