,,Пинк Пантерите” ограбија 2 милиони евра од замок во Франција , филмска копија на Версај

Голем грабеж се случи во замокот Во-ле-Виконт во Франција , а разбојниците ги врзале сопствениците и им го украле целиот накит и парите.

Полицијата е во потрага по разбојниците , кои го ограбиле замокот Во-ле-Виконт, кој во филмовите е сниман како замена на Версај . Се претпоставува џдека станува збор за разбојници од познатата група ,,Пинк пантер” , во која членуваат криминалци од Србија , Црна Гора, Хрватска и од БиХ.

Тие украле од познатиот замок од 17. век накит и пари во вредност од околу 2 милиона евра. Сопствениците Патрис и Кристина де Вог ги врзале и потоа почнале со операцијата. Обвинителството тврди дека во кражбата се вмешани шестмина разбојници, кои не биле вооружени.

Замокот Во-ле-Виконт се наоѓа на 48 километри југоисточно од Париз и е во сопственост на семејството Де Вог од 1875 година. Патрис и Кристина де Вог го отворија својот раскошен имот опкружен со градини за јавноста во 1968 година, а денес тие управуваат со своите тројца синови.

Замокот бил изграден помеѓу 1658 и 1661 година од Никола Фукет, министер за финансии на кралот Луј XIV од Франција. Замокот Во-ле-Виконт е најголемиот француски културен имот во приватна сопственост, кој опфаќа 500 хектари и го посетуваат годишно околу 250.000 луѓе.

Замокот честопати „го глумел“ Версај во  филмовите и на телевизија. Оваа улога му беше доверена во филмот „Мункер“ за британскиот шпион Џејмс Бонд и филмот „Марија Антоанета“ од Софија Копола.

Покрај тоа, замокот честопати се користи за свадби на славните. Во 2007 година, францускиот кошаркар Тони Паркер и американската актерка Ева Лонгорија се венчаа во него.

притисни ентер