Солун под вода: По силното невреме потопени улици и куќи (ВИДЕО)

Силните дождови предизвикаа големи поплави во Солун , каде десетици куќи се поплавени , а имаше и заробени возила на улиците.

Противпожарната служба добила вчеравечер над 150 повици , а од 17 куќи се испумпувала вода.

За време на невремето , пожарникарите евакуирале седуммина луѓе од поплавени домови во населбата Ефкарпија.

Двајца возачи биле заробени во поројот, а едниот, наводно, избегал од поплавата, додека другиот побарал полициска помош.

Сообраќајот во Солун бил во застој  и имало неколку сообраќајки  поради лизгавите патишта.

притисни ентер