Горбачов : Светот е пред опасна закана

Последниот советски претседател , Михаил Горбачов предупреди дека светот е пред опасна закана и дека сегашните воени активности личат на вистинска војна.

Михаил Горбачов наскоро ќе објави нова книга, неговиот политички тестамент , во кој авторот на политиката на ,,Гласност” и ,,Перестројка” ќе ја разоткрие својата визија за XXI. век, наведува  издавачот.

,,Иднината на глобалниот свет”, дело на поранешниот лидер кој сега има 88 години, ќе биде објавена во Германија на 23. септември и на 2. октомври во Франција.

„Светската политика е на исклучително опасен раб. Тековните воени активности наликуваат на вистинска војна“, предупреди Горбачов во делови од книгата што ја откри неговиот издавач.

Добитникот на Нобеловата награда за мир рече дека „заштитата на мирот е клучна за надминување на глобалните прашања како што се животната средина, меѓународниот тероризам, миграцијата и сите други предизвици што се во фокусот на вниманието на државите и меѓународните организации“.

Неговата книга ќе биде објавена пред 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид на 9. ноември, кога Михаил Гобачев беше на чело со СССР.

притисни ентер