Палмер го побара од Косово да ги укине царините кон Србија

Специјалниот претставник на американскиот државен секретар за Западен балкан , Метју Палемр , им порача на косовските власти да ги укинат царините на српските производи.

Метју Палмер изјави дека следната косовска влада по изборите на 6. октомври мора да биде подготвена за да ги суспендира царинските давачки на стоката од Србија , што е главна пречка за продолжување на дијалото меѓу Белград и Приштина. САД се надеваат дека на укинувањето на давачките , Србија би одговорила со своја иницијатива , рече Палмер , сугерирајќи дека може да вклучат и „потенцијално суспендирање на кампањата за признавање на Косово“ и дека „врз основа на овие основи, двете страни би можеле да се вратат на преговарачката маса во позитивна атмосфера и со цел кон постигнување договор “.

„Прва работа е да се почекаат изборите на 6-ти октомври на Косово, проследено со процесот на формирање влада“, рече Палмер за ВОА по посетата на регионот, каде што се состана одделно со претставници на Белград и Приштина.

САД „ќе ги разјаснат своите очекувања“ за следната косовска влада да биде „влада подготвена за дијалог, подготвена да ги суспендира тарифите што го попречуваат продолжувањето на процесот на дијалог, влада подготвена да собере преговарачки тим со силни овластувања“ и „подготвена да се вклучи во преговори со Србија со сериозна намера да се постигне договор за нормализирање на односите “.

„Соединетите држави ќе бидат со нив во секоја фаза од процесот, но Косово мора да ја преземе контролата врз својата судбина“, рече Палмер.

Кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека Вучиќ имал телефонски разговори со Палмер и дека Србија ќе продолжи да се залага „да се постигне вистинско и одржливо компромисно решение за прашањето за Косово иМетохија, да ги заштити интересите на Србите на Косово и да ги заштити националните интереси“.

Гризман се враќа на тренинзите во Атлетико Мадрид

Напаѓачот Антоан Гризман се врати на тренинзите со Атлетико Мадрид, објави „Marca“.

Триесет и двегодишниот Французин поради повреда ги пропушти мартовските натпревари на неговата репрезентација. За прв пат по 2017 година Гризман не играше за „триколорите“.

Оваа сезона Гризман одигра 38 натпревари на кои постигна 19 голови и имаше 7 асистенции.

Договорот на Французинот со Атлетико Мадрид е до крајот на јуни 2026 година.

Вулканот Ибу во централна Индонезија повторно исфрли пепел во висина од два километри

 Повторно е регистрирана ерупција на вулканот Ибу во провинцијата Северно Малуку во централна Индонезија, јавија индонезиските медиуми.

Вулканот исфрли пепел во висина околу два километри. Претходната ерупција беше на 26 март.

Локалните власти им забранија на жителите од регионот да се приближуваат до кратерот на растојание помало од два километри и ги повикаа луѓето да носат заштитни маски за да спречат респираторни заболувања.

Индонезискиот архипелаг, кој е најголем во светот, се состои од 18 илјади острови. Се наоѓа во таканаречениот огнен прстен на Пацификот, па во регионот е забележана силна сеизмичка активност. Во Индонезија има повеќе од 500 вулкани, од кои 130 се активни.

Американската централна банка потврди рекордна загуба

Американската централна банка потврди дека минатата година ја завршила со рекордна загуба од 114,3 милијарди долари, со повеќекратно повисок трошок на каматите на депозитите на комерцијалните банки.

Во 2022 година, Федералните резерви (ФЕД) работеа со нето добивка од 58,8 милијарди долари.

Деловниот извештај за минатата година го отсликува влијанието на зголемените основни каматни стапки, од нула на важечките 5,25 до 5,5 отсто, со цел да се спречи инфлацијата.

ФЕД почна агресивно да ги зголемува во пролетта 2022 година, што значи дека им исплатува камата на депозитите на банките, паричните фондови и другите финансиски компании.

Минатата година им биле исплатени 176,8 милијарди долари, во споредба со 60,4 милијарди долари во 2022 година, според ревидираните податоци.

Исплатата на каматите од обратните репо операции се зголемија од 41,9 милијарди долари на 104,3 милијарди долари.

Приходите на ФЕД од купените обврзници останаа повеќе или помалку на нивото од 2022 година и изнесуваа 163,8 милијарди американски долари.

притисни ентер