Камерон призна дека барал помош од кралицата за референдумот за Шкотска

Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон призна дека во 2014 побарал помош од кралицата Елизабета II во референдумската кампања за независност на Шкотска .

Камерон вели дека го фатила паника , откако во анкетите видел дека водат оние кои сакаат отцепување на Шкотска од Британија, па затоа побарал помош од кралицата. Од Бакингамската палата не сакаа да ја коментираат ваквата интервенција , туку само кусо соопштија дека наводите на Камерон биле непримерени и дека не било потребно да ги изнесува во јавност.

Неколку дена пред референдумот во септември 2014 година Елизабета II рече дека се надева оти „луѓето ќе размислат многу внимателно за иднината“, што беше протолкувано како порака на кралицата за зачувување на единството на земјата.

„Иако е многу куса, (пораката) во голема мерка даде поинаква перспектива за нештата“, рече Камерон за Би-Би-Си.

Шкотска последователно одлучи да остане во Велика Британија со 55 проценти од гласовите.

Признанието на Камерон предизвика остра реакција на Шкотската национална партија (СНП), која е на власт во Шкотска и се залага за независност.

Ова е „не само што е целосно несоодветно, туку исто така покажува колку бил очаен премиерот на крајот на шкотската кампања за референдум“, објави поранешниот шкотски премиер (2007-2014) и поранешниот претседател на СНП, Алекс Салмонд на Твитер.

Еве на каков животен простор се одлучило ова момче за да избегне плаќање станарина! (видео)

Го споил убавото и практичното, и го живее својот сон.

Цените на недвижностите од година во година се зголемуваат, како за купување, така и за изнајмување. Ова секако е голем проблем за поголемиот дел од светската популација, но има и такви што се обидуваат, ако е можно, да се снајдат на друг начин и да избегнат плаќање кирија.

Видеото што го објави корисник на Тикток по име Џејк во кое тој го открива својот животен простор воодушеви многумина и им се допадна на околу 1,7 милиони лица. Имено, Џејк открива дека порано живеел во стан, кој потоа го заменил со брод, па сега плови по океанот и ужива во оваа необична авантура. Иако на прв поглед изгледа како обичен чамец за едно лице, и тоа само за обично пловење, Џејк всушност покажува како изгледа неговиот „дом на вода“.

Откако се спушта во чамецот, тој го покажува својот мини-дом во кој се наоѓа сè што му е потребно – соба во која престојува, кујна каде приготвува оброци, спална и бања. Секако, сето тоа е далеку потесно од животниот простор на кој навикнал, но е сосема доволен за неговите основни потреби.

Џејк во видеото објаснува дека бродот има и соларни панели кои се полнат на сонце и му обезбедуваат струја за основните апарати на бродот. Покрај сè што му е потребно, тој има и велосипед што го користи секој пат кога ќе се најде на копно и сака да се повози. Партнер во овој необичен животен стил му е неговата мачка.

@jakesvan Rent free since 2023 | #boatlife #sailboat #tinyhome ♬ original sound - Jake

Авантурата на која Џејк е навикнат долго време е желба на многумина што го погледнале неговото видео на Тикток. Очекувано, секому му е сон да се ослободи од сметките, но и од секојдневните нервози во сообраќајниот метеж низ градот, а ова момче живее токму така.

Сепак, неговиот животен стил не го поддржуваат сите, многумина на мрежата изразиле загриженост поради временските неприлики што не може да се избегнат.

-Што ќе правите кога ќе има ураган?

- Ова е супер за живеење.

- Таа нема да каже „не“.

- Попрво би плаќал кирија.

- Ова е магично – беа дел од коментарите.

И додека некои го фалеле момчето завидувајќи му на ваквиот начин на живот и велејќи дека вака сигурно ќе заштеди, други признале дека лесно може да се живее во таков простор во Филаделфија, каде е сончево речиси цела година.

Еден корисник се пошегувал, па прокоментирал дека е интересно што мачка живее на океан без да го знае тоа, а коментарот им се допаднал на преку 52.000 лица.

Уличната мода во Милано ја изненади јавноста: Дали ова е нов тренд? (видео)

Градот што некогаш важеше за инспирација на дизајнерите преплавен со невкус и немарност.

Модата во европските градови се следи со децении, а италијанскиот град Милано отсекогаш се сметал за нејзина престолнина. Сведоштвата на многумина кои некогаш го посетиле овој град најчесто беа позитивни и откриваа убаво облечени жени и мажи што шетаат по улиците.

Сепак, едно видео на социјалните мрежи покажа дека работите се менуваат, дека не е сè како што се чини, а тоа во најмала рака ги изненади луѓето. Иако сите мислат дека во Милано шетаат средени и дотерани луѓе, оваа снимка покажува дека, или луѓето имале погрешна слика за престолнината на модата или таа се променила со текот на времето и со доаѓањето на новите генерации и трендови.

На видеото може да се видат млади луѓе како се шетаат во безлична и неугледна облека. И не само тоа, туку и комбинираат неспоиви стилови, па носат бермуди со бели чорапи и мокасини. Исти такви чорапи се забележани и кај една девојка која ги комбинирала со фустан и високи потпетици, додека еден маж шета со речиси женска свилена кошула. Некои комбинирале зимска облека со летна, која изгледа како да ја собрале од контејнер, но сепак се сретнуваат и убави и позитивни примери на складно и елегантно облечени вљубеници во модата.

Дека уметничкиот израз е присутен меѓу луѓето во овој град, покажуваат и девојките кои преку ден носат вратоврска во комбинација со полежерна кошула, а притоа не изгледаат деловно. Додека некои носат фармерки со разни платнени додатоци, кои попрво би ги виделе во циркус отколку на улица. Сепак, некои останале доследни на својот стил и нешто што е класично, па не погрешиле при изборот на облека. Од друга страна, оние што носат необични парчиња облека и форсираат позапуштен изглед, посакуваат доза на екстравагантност и лежерност. Многу корисници на мрежата ова го дочекале со чудење, додека некои го бранеа ваквиот стил.

- Сè додека им е удобно така, не е важно. Модата е забавна и слободна.

- Луѓето прават сè за да изгледа како бездомници.

- Ниту еден од овие луѓе не изгледа добро. Сè им прилега лошо.

- Ова, демек, треба да биде мода... Луѓето немаат поим од мода, ова е само неуредност...

- Ужас! Сите се обидуваат да изгледаат лошо денес?

- Фала му на Бога што не живеам во Милано - беа дел од коментарите.

Многумина рекле дека овие шетачи секако се обидуваат да бидат автентични и креативни, но дека тоа не им успеало. Некои прокоментирале дека ова потсетува на модата од 90-тите, но изгледа многу поевтино. Има и коментари во кои е наведено дека вакви ситуации не се сретнуваат само во Милано, туку невешто облечени луѓе гледаме секојдневно, а тоа сигурно не може да биде мода. Со оглед на тоа што Милано е центар на модата и културата, многумина се согласиле дека вака Милано сигурно не испраќа добра слика и дека луѓето би требало малку повеќе да се погрижат со својот изглед.

Извор: srecna.republika.rs

притисни ентер