Планинар два дена ползел со откинатата нога во рацете за да помине само 3 километри (ВИДЕО)

Австралискиот планинар Нил Паркер (54) , преживеал вистинска Голгота откако паднал од шест метри висок водопад и со откината нога се влечел два дена за да дојде до помош.

Планинарот Нил Паркер од биолницата во Бризбејн раскажува низ какви маки поминал , откако паднал во водопад. Тој бил сам , а при падот го загубил мобилниот и во еден момент станал свесен дека ако сака да преживее ќе мора да се потпре на сопствените сили.

Паркер имал скршен леви зглоб , а глуждот на ногата му бил скршен и откачен.

Паркер, инаку искусен планинар и водич на од Бризбејн, пешачел во близина на мало село ,кога се лизнал и падна.

„Се лизгав околу шест метри, направив sвезда, удирав во карпи и паднав во потокот“, рече Паркер. „Скршената коска на ногата ми ја прободе кожата, на која делумно се држеше. Кога ја видов ситуацијата, мислев дека ќе се спасам само ако ја искористам сопствената сила“.

Австралиецот го загубил мобилниот телефон во несреќниот случај и решил дека најлесно е да се спаси со лазење. Паркер успеа ,но патувањето до спасението беше долго и болно.

„Се движев метар, можеби метар и половина, пред да се одморам“, им раскажа Паркер на новинарите во средата од болничкиот кревет. "Не можев да верувам. Требаше да изодам само три милји, но за тоа ми требаа два дена. Мислев дека никогаш нема да успеам".

Паркер со себе понел опрема за прва помош и направил импровизирана штака за нозете со помош на лепенки и стаповите за одење. Имал и лекови против болки, вода и малку храна - слатки, енергетски стапчиња и ореви.

"Морав да си ја носам ногата, а нозете се навистина тешки кога не се поврзани со ништо. Се обидував да ја кренам и да преминам преку камењата. Го користев лактот и постојано се борев", рече Паркер, додавајќи дека неговата желба да се врати на семејството му давала сила. „Сакав да бидам со моите деца“.

Паркер беше забележан од екипажот на хеликоптер во вторникот и пренесен во болницата во Бризбејн. Ортопедски хирург, Никола Вард, изјави за австралиската телевизија АБЦ дека Паркер добро закрепнува.

„Никогаш претходно не сум слушнала за одење со два скршени екстремитети“, додаде таа, истакнувајќи дека на Паркер ќе му требаат осум недели за да се опорави од повредите.

Пендаровски: На 8 мај двојна победа за сите нас и за Македонија

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска беше меѓу жителите на општината Чучер-Сандево.

Заблагодарувајќи им се што одлучиле попладнето да го поминат со него, Пендаровски рече дека на 8 мај е загарантирана двојната победа.

„100% победуваме. На 8 мај ќе славиме за двојната победа за сите нас и за Македонија", истакна Пендаровски.

Говорејќи за досегашната работа на актуелната политичка гарнитура, Пендаровски го истакна членството во НАТО, како најголема организација која ја гарантира безбедноста и стабилноста на сите членки без исклучок. „Без пријатели, мала земја како нашата, тешко може да опстане“ потенцираше Пендаровски.

Тој ги повика граѓаните на Чучер-Сандево масовно да излезат на гласање на 24 април, да заокружат број 1 и да добијат гаранција за подобра иднина на нивните деца и на нивните внуци, соопштуваат од тимот на Пендаровски.

Салма Хаек со поќерката ги привлече сите погледи во Венеција (ФОТО)

Салма Хаек и нејзината 23-годишна поќерка Матилда Пино привлекоа внимание на гала вечерта во Венеција, каде се појавија во елегантно издание.

57-годишната актерка пристигна во долг син фустан со светки, додека Матилда носеше сребрен фустан. Со нив бил и Франсоа-Анри Пино, сопругот на Салма и татко на Матилда.

Актерката е во брак со бизнисменот Франсоа-Анри Пино од 2009 година. Салма ја има ќерката Валентина Палома со Пино. Бизнисменот од врската со Линда Евангелиста го има синот Аугустин Џејмс, а од првиот брак со Дороте Лепер ја има ќерката Матилда и синот Франсоа.

Од почетокот на врската со Пино, Салма развива добри односи со неговите деца. Таа неколку пати објавуваше заеднички фотографии.

Димитриеска Кочоска: Платформа 1198 значи повисок стандард, раст на БДП од 5% на среден рок

Состојбата е катастрофална во секоја сфера. Главниот проблем е тоа што државата не е функционална и тоа што граѓаните воопшто не можат да имаат никакво влијание и немаат влијание врз одлучувачките процеси.

Ако немаме економија, тогаш не можеме да очекуваме развој во ниту еден сегмент.

Не смееме да дозволиме и понатаму, државата да биде киднапирана од стотина луѓе од власта кој што носат одлуки само за нивни лични интереси и за нивно богатење.

И токму поради тоа, народот треба да стави стоп на ваквото однесување. Да излезе масовно и да гласа, затоа што се потребни промени, промени кои што ќе ја направат Македонија твоја.

Денес сум во Македонски Брод, кој што можам комплетно да кажам дека е целосно заборавен од централната власт и токму тоа треба да се промени.

Имав средби со граѓани, имав средби со стопанственици. Едногласно е секаде размислувањето и одлуките на луѓето дека промени мора да да има. При тоа, го искористивме периодот од денот да ги презентираме мерките и решенијата кој што ВМРО-ДПМНЕ ги има во својата Платформа 1198, кој што и всушност значат многу подобар живот за граѓаните, повисок животен стандард, раст на БДП од 5% на среден рок, повеќе пари за малите и средби бизниси, повисоки пензии.

Затоа, масовно треба да излеземе и да гласаме на 24 април и на 8 мај, со цел да има промени и за повторно Македонија да биде твоја, односно да биде наша, рече Гордана Димитриеска Кочоска, кандидат за пратеник во изборна единица 1.

притисни ентер