Бремена невеста починала пред да стигне до олатрот , бебето го спасиле со царски рез (ВИДЕО)

Страшна трагедија се случи на свадба во Бразил, кога младоженецот останал да ја чека невестата на олтарот , се додека не разбрал дека таа починала од мозочен удар на влезот во црквата.

Медицинската сестра Џесика Гуедес била шести месец бремена и наизглед здрава , кога во лимузина тргнала кон црквата во Сао Паоло , каде што ја чекал нејзиниот вереник и сите роднини и гости. Нејзиното семејстов прво помислило дека има трема пред венчавката , но таа наеднаш почуствувала вртоглавица и болка во вратот. Не биле свесни дека има прееклампсија , од која наскоро ќе почине. Набргу откако , наместо во црквата , ја однеле во болницата , несреќната невеста била прогласена за мртва. Нејзиниот вереник , пожарникарот , Флавио Гонзалвес , кој веќе чекал пред олтарот бил зачуден зошто толку доцни неговата невеста.

„Бев загрижена затоа што ја чекав пред олтарот и многу време помина. Нејзиниот братучед дојде трчајќи и ми рече дека се онесвестила“, изјавила младоженецот за бразилскиот магазин „Кресер“.

"Ја отворив вратата од автомобилот и таа лежеше, а во еден момент кога се освести и реков: Најмила , тука сум", рече Флавио, кој се обидел да и даде прва помош на вереницата.

Таа му рече дека сè е добро, но дека има силна болка во грбот и вратот. 30-годишната жена веднаш била пренесена во болница, а според медицинскиот извештај, претрпела мозочен удар поради прееклампсија и внатрешно крварење што значи дека хирурзите биле принудени да ја отстранат матката.

Со оглед на сериозноста на случајот, медицински тим извршил итен царски рез за да го спаси животот на бебето старо 29-недели, но таа починала по операцијата.

Бебето Софија е родена со тежина од 930 грама и 34 см должина, е во инкубатор и веројатно ќе остане во болницата најмалку два месеци.

Снимката од последните моменти на невестата ја покажува како среќно мавта пред камерата на денот кој требаше да биде еден од најсреќните во нејзиниот живот.

Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај

Подводниот визуелен спектакл „Мермејд опен“ (Mermaid Open), познат и како Меѓународен натпревар за сирени во Шангај, Кина се одржа минатиот викенд. На него учествуваа стотина спортисти од Кина, Јужна Кореја и Казахстан.

Беа прикажани уметнички нуркачки вештини во неколку дисциплини, а натпреварувачките и натпреварувачите се оценувани во неколку категории.

Натпреварот се одржа во базен со 7.500 кубни метри вода и околу 50.000 риби во него, a двајца од јужна Кина се прогласени за шампиони - во женска и машка конкуренција, пишува „Шангај дејли“. Натпреварите со сирени станаа многу популарни во Кина последниве години, а за да го поттикне овој спорт, Океанскиот парк „Хајчанг“ во Шангај планира да организира серија настани и за претстојните празници во мај.

Видео: Атина „проголтана“ од сахарска прашина, градот обоен во портокалово

Атина и јужните делови на земјата вчера беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.

Облаците од прашина, пренесени преку Средоземното море од северна Африка, го обвија акропол и другите знаменитости на Атина.. Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews. Метеоролозите најавуваа дека небото ќе се расчисти денеска поради промената на правецот на ветерот, поради што ќе паднат и температурите.

Кулеба ги пофали американските политичари за одобрувањето на пакетот воена помош за Украина

Претставници на Пентагон најавија дека одредена муниција веќе е складирана во Европа, а се очекува меѓу приоритетите да бидат артилериската и противвоздушната одбрана.

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба со ентузијазам ги пофали американските политичари за одобрувањето на долго одложуваниот пакет воена помош од 61 милијарда долари за Украина, но предупреди дека новите испораки нема веднаш да го свртат бранот на војната.

„Алелуја“, изјави Кулеба во интервју за „Гардијан“ на прашањето за реакцијата на вчерашното конечно гласање на американскиот Сенат. Тој рече дека „неговото верување е дека ќе има позитивен исход“, но Западот мора „да сфати дека ерата на мирот во Европа е завршена“ и да ја изгради својата одбранбена индустрија.

Говорејќи за „Гардијам“, Кулеба рече дека се надева оти Белата куќа ќе го претстави новиот пакет оружје „за неколку дена, можеби и часови“ и дека е „само прашање на логистика“ залихите да се префрлат на фронтот.

Претставници на Пентагон најавија дека одредена муниција веќе е складирана во Европа, а се очекува меѓу приоритетите да бидат артилериската и противвоздушната одбрана.

Кулеба, исто така, рече дека Украина идентификувала седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ кои би можела да ги користи за заштита на цивилите во поголемите градови надвор од Киев. Еден е добиен од Германија, уште четири се лоцирани и преговорите се во тек, рече Кулеба, а на повидок се уште два. /МИА

притисни ентер