70 проценти од анкетираните средношколци, кажале дека во нивното училиште има насилство

Вербалното и психичко насилство е се поприсутно во средните училишта.

70 проценти од испитаниците кажале дека има насилство или биле жртви или сведоци во вакви ситуации, се истражувањата што ги направаила невладината „Сега“.

Омаловажување, групна агресија на едно еден ученик, навреди се она што го кажале жртвите на насилство. Но во истражувањата оние што потикнувале насилство биле многу тивки, скоро и да не учествувале.

Децата најчесто за насилството зборувале со родтителите, дел од професорите тоа го гледале како врсничко недоразбирање и кавги.

Исптиувањето е направено на ученици од 13 до 18 години. Најопфатени биле оние од 15 до 17 години во осум училишта во цела Македонија.

Во Хрватска предизборен молк пред парламентарните избори

Предизборен молк  стапи на сила во Хрватска на полноќ во пресрет на парламентарните избори в среда, на 17 април, а ќе трае до затворање на гласачките места во 19 часот

Во Хрватска ќе бидат отворени повеќе од 6.500 избирачки места за 11-те парламентарни избори, а првиот ден од гласањето е денеска 16 април во дипломатско-конзуларните претставништва во странство, како посебна изборна единица.

На вкупно 165 листи има 2.302 кандидати кои се борат за 151 мандат во хрватскиот Сабор Среда, 17 април ќе биде неработен ден во Хрватска.

Пратениците во 151-члениот парламент се избираат со мандат од четири години.

Од 10 изборни единици се избираат 14 пратеници. Одделно, осум пратеници влегуваат во парламентот како претставници на малцинствата во Хрватска, а три пратенички места се резервирани за дијаспората.

Прекршувањето на забраната за изборна кампања не се санкционира, но Државната изборна комисија повикува на етичко однесување на учесниците на изборите и медиумите.

Со изборниот молк завршува 17-дневната официјална кампања пред парламентарното гласање, кое претседателот Зоран Милановиќ го закажа за 17 април, среда. Во Хрватска парламентарните избори секогаш се одржуваа во недела, со исклучок на 2000 година кога се одржаа на 3 јануари, понеделник.

Во странство денеска и утре ќе се гласа во вкупно 41 држава.

Роналдо се соочува со суспензија на два натпреварa

 Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо ќе биде суспендиран на два натпревара, пишува „Asharq Al-Awsat“.

Според тамошниот медиум, откако 39-годишниот Португалец беше исклучен во полуфиналето на Суперкупот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:2), дисциплинската комисија на фудбалската федерација ќе одлучи да го дисквалификува Роналдо две средби.

По испрашувањето на напаѓачот за инцидентот, играчот изјави дека е незаслужено исклучен.

Роналдо на мечот против Ал-Хилал го турна противникот без топка по страничната линија, откако претходно му ја исфрли топката од раце. Откако напаѓачот доби црвен картон, замавна со тупаница кон судијата.

Оваа сезона Роналдо одигра 37 натпревари, постигнувајќи 36 гола и 12 асистенции.

Современиот балет „Сага“ на Рисима Рисимкин вечерва во НОБ

На сцената на Националната опера и балет вечер, со почеток во 20.00 часот, ќе се изведе современиот балет „Сага“ на Рисима Рисимкин, во рамките на jубилејното 20. издание на Танц Фест Скопје. 

Претставата е дел од програмата „Паралели“, која фестивалот ја остварува во соработка со Националната опера и балет.

- „Сага” (идентитети) е возбудливо патување низ ритамот на седмата осмина. Низ заедничка креација со Националниот балет, кореографката Рисима Рисимкин, на извонредната музика на композиторот Тони Китановски, сценографијата на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, ги открива идентитетите на Црвената и Црната нишка, кои ги толкуваат примабалерините Марија Кичевска Шокаровска и Мими Поп-Алексова Атанасовска, Пиреј со првенецот Бобан Ковачевски и гостинот Балаж Лочеи (Унгарија), Везилката со Саша Евтимова, Прелист со Наташа Трендафилова-Гицев, Трепетлика со Илијана Данилов, Ѓул со Христина Наќевска, информираат од НОБ.

Јубилејното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура, Францускиот институт, Австриската амбасада во Скопје и други. Програмата се изведува во соработка со НОБ, МНТ и МКЦ.

притисни ентер