Во Битола притигна добитникот на златна „Камера 300" за животно дело, Јоргос Арванитис

Од ИФФК „Браќа Манаки" информираат дека наградата златна „Камера 300" на Јоргос Арвантиитис ќе му биде доделена на затворањето на фестивалот, в сабота на 21 септември. 

Синоќа во Битола пристигна вториот лауреaт на 40 –тото јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки",  Јоргос Арванитис, еден од најважните европски кинематографери на сите времиња, чија работа ги обликувала филмските визии на генерации синеасти од целиот свет.

Според фестивалската програма, денес претпладне во 11:30 часот во малата сала на НУ Центар за култура-Битола, Арванитис ќе одржи мастерклас кој ќе биде отворен за публика.

Од ИФФК „Браќа Манаки" информираат дека наградата златна „Камера 300" на Јоргос Арвантиитис ќе му биде доделена на затворањето на фестивалот, в сабота на 21 септември. 

Министерот Бектеши го прими новоименуваниот кинески амбасадот Џанг Ѕуо

Кина е важен трговски партнер на Македонија, континуирано работиме на подобрување на соработката меѓу двете земји, било речено на средбата , соопшти Министерството за економија.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска се сретна со Н.Е. Џанг Ѕуо, новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина во Македонија.

На средбата министерот и амбасадорот разговараа за досегашната соработка помеѓу двете земји, но и за можностите за соработка во иднина, особено во полето на економијата. 

Министерот Бектеши го изрази своето задоволство за успешната реализацијата на досегашните проекти во областа на патната инфраструктура. Истакна дека постои голем потенцијал за проширување на соработката  и делот на енергетиката , туризмот, земјоделството и културата.

Бектеши изрази убедување дека развојот на трговските и економските односи меѓу двете земји ќе продолжи на високо ниво, особено во рамки на Процесот за соработка „17+1“.

Во рамките на состанокот министерот ги презентираше реализираните проекти и планираните активности на Министерството за економија во делот на енергетиката, трговијата, соработката со бизнис заедницата и поддршката на странските инвеститори, со посебен акцент на можностите кои што ги имаат домашните и странските компании согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите кој е основа за развој на економијата и има еднаков третман за сите инвеститори.

Амбасадорот Ѕуо изрази поддршка на политиките кои ги води Владата во делот на подобрување на билатералните односи меѓу двете земји и истакна дека е многу важно и понатаму интензивно да се работи на зајакнување на трговската соработка помеѓу Кина и Македонија.

Потенцираше дека ќе вложи максимални напори, Македонија да ја претстави како поволна дестинација за кинеските компании и ќе иницира средби и посети на кинески компании во земјата.

Албански медиуми: Макрон наскоро во Тирана и Скопје

Францускиот претседател Емануел Макрон кој на Самитот на ЕУ стави вето за отворање преговори со Албанија и Македонија, наредниот месец ќе ги посети двете земји, објавуваат денеска албанските медиуми.

Самиот Макрон на прес-конференцијата што ја одржа по Самитот на ЕУ во Брисел, најави дека планира да дојде во Скопје и во Тирана на средби со премиерите Зоран Заев и Еди Рама.

Посетата на Макрон на двете земји ја потврдиле дипломатски извори во Тирана за Exit.al. И албанскиот премиер Еди Рама, по денешната средба на раководството на неговата Социјалистичка партија, кажал дека наскоро ќе има многу значајни средби, меѓи кои и со Макрон, без да открие повеќе детали.

Албанските медиуми наведуваат дека како знак на поддршка од официјален Париз, во Тирана е отворена канцеларијата на Француската агенција за развој, која ќе работи на развојни проекти во Албанија.

Потсетуваат дека Макрон планирал да дојде во Албанија во есента 2018 година, во рамките на балканска турнеја, но посетата била откажана.

Засега нема официјална потврда за посетата на францускиот претседател на Албанија и на  Македонија./МИА

Отворени петте нови занимални во детската градинка во Кавадарци

Нема веќе деца на чекање на листата во ОЈУ Детската градинка “Рада Поцева„

Денеска свечено беа пуштени во употреба петте нови занимални кои се изградија во детската градинка „Рада Поцева“ објект „Детелинка“.

Со изградба и пуштање во работа, на Единицата „Детелина„ беа ставени во функција доградбите на постојните, со што се решава прашањето со згриженост на децата.

На свеченоста децата од „Детелина“ изведоа пригодна програма.

притисни ентер