Пума се заглавила во тоалет на пензионери од Калифорнија (ВИДЕО)

Повозрасна брачна двојка од Калифорнија не можела да си поверува на очите , кога виделе во нивната бања вистинска пума.

Додека во неделата вечерта гледале теклевизија, во куќата им влегла пума , зашто заборавиле да ја затворат вратата. Едвард и Кети Садат од местото Сонора само слушнале како некој ја треска влезната врата.

Наеднаш, 84- годишните пензионери се нашле очи во очи со дива пума. ,,Me допре со опашката , толку ни се приближи" , вели Едвард.

Животното се затрчало во бањата , од каде не можело да излезе. Пензионерите , целите во шок , се заклучиле во другата соба и повикале полиција.

Полицајците повикале помош од Одделот за заштита на животните , кои го скршиле прозорецот од бањата и и помогнале на пумата да се врати од каде што дошла.  

притисни ентер