Скандал во Шпанија: Даночна службеничка украла 6,2 милиони евра од сметките на 38 врвни спортисти

Вработена на висока позиција во даночната управа на Шпанија и уште три лица успеале да ги земат податоците на 38 врвни спортисти и од нивните сметки да украдат 6,2 милиони евра.

Вработената во даночната управа преку лажиран поврат на ДДВ , незаконски присвоиле 6,2 милиони евра. Меѓу спортистите има и репрезентативци од регионот , како поранешниот хрватски кошаркар Донтаје Дрејпер, босданскиот фудбалер Емир Спахиќ и словенечкиот кошаркар , Мирза Бегиќ.

Најмногу е оштетен турскиот интернациоанлен фудбалер Нури Шахин , од кого се украдени 1.212.158 евра , за периодот додека играл во Реал Мадрид.

Ова е наведено во обвинението на 26 страници . Вработената Леонор Санчез-Кабаљеро е обвинета дека во соработка со тројца мажи , од кои двајцата адвокати , ги искористила доверливите податоци , врз основа на кои тие фалсификувале документи , потписи на спортистите и налози за испалта во периодот од февруари 2015 до ноември 2016 година.

Барањето за поврат на данок било испратено преку две компании , на кои даночната служба им ги исплатила парите. И тие се обвинети за соучесништво во измамата.

„Се побаруваше враќање на данок во име на повеќе фудбалери и кошаркари кои играа во шпанските клубови, за што тие не знаеја“, се вели во обвинението, наведувајќи 38 примери на претежно странски спортисти.

Обвинетите се соочуваат со затворска казна од девет до 11 години.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина нема да остане втор мандат

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, нема да остане втор мандат на функцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според РСЕ, Лајчак од 1 септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и беше назначен на функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во април 2020 година.

Засега нема информации кој ќе го наследи Лајчак на оваа функција. Според извори на РСЕ, дискусиите на ниво на ЕУ почнале, но одлуката ќе биде донесена по европските избори во јуни годинава.

Оваа недела беа именувани 43 европски амбасадори во различни земји низ светот. Меѓу нив се и новите амбасадори во Босна и Херцеговина и Косово.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

По Mицкоски на средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија беше и преседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на која разговараа за приоритетите во економијата.

Захарова: Русија нема да учествува на конференцијата за Украина

Русија нема намера да учествува на конференцијата за Украина, чија можност ја спомена украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Претходно Кулеба изјави дека преговорите со Русија за решавање на вооружениот конфликт со Украина би можеле да се одржат меѓу првиот и вториот самит за „формулата за мир“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Русија нема намера да учествува на таква конференција. Формулата на Зеленски не е ништо друго освен алхемија“, истакна Захарова.

притисни ентер