Пожарникари сакале да покажат колку се мобилни , па завршиле на покрив (ВИДЕО)

Унгарските пожарникари по повод Европската недела на мобилност организирале вежба за да покажат колку се подготвени.

Пожарникарите пред учениците сакале да покажат колку бргу може да пристигнат на местото на пожарот. На демонстрацијата учествувале стотина ученици од местото Вац , на 34 километри северно од Будимпешта.

Прво настапиле полицајците кои симулирале опасност по живот ако се вози под дејство на алкохол , а потоа пожарникарите , кои покажале колку бргу може да стигнат на запалено место , но наместо тоа , им се случи несреќа.

Сепак , добро е што тројцата повредени пожарникари , по укажаната помош во болница , биле пуштени на домашно лекување.

притисни ентер