Американците го претставија најновиот борбен авион (ВИДЕО)

Американскиот производител на авиони , Боинг, објави промо видео во кое го најавува најновиот борбен авион F-15X Advanced Eagle.

Станува збор за подобрена варијанта на еден од најдобрите воени авиони , F-15 Strike Eagle . Меѓу другото , од Боинг се пофалија дека новиот авион ќе има најбрз компјутер на светот, "fly by wire" систем за управување и најмодерен АЕЅА радар. Од Боинг тврдат дека новиот авион е најдобра опција за модернизирање на воздушната флота на САД со нови F-15.

Новиот F-15X треба да носи уште повеќе оружја (најмалку 16 ракети, или воздух-воздух или воздух-земја, и цела низа „паметни“ бомби)), би летале со брзина поголема од 2,5 Мах, но би чинела значително помалку од борбениот авион Ф-35 од петтата генерација на Локит Мартин, чија најевтина варијанта во моментов чини од 89,2 милиони долари.

Понатаму, Боинг тврди дека цената на F15X ќе биде максимум 27 000 УСД на час (за Ф-35А е 45 000), додека неговиот животен век ќе биде импресивен, 20 000 часа.

Руските сили ги гранатираа Запорожје и Одеса

 Украинците со дронови ја нападнаа Белгородската област

Руските сили изутринава извршија ракетни напади врз индустриската зона во Запорожје на југот на Украина и пристаништето Одеса, соопштија украинските власти.

Шефот на регионот Запорожје, Иван Федоров, на Телеграм напиша дека во нападот нема повредени, пренесува Укринформ.

Во Одеса имаше воздушен напад и екслозии, изјави шефот на регионалната администрација Олех Кипер.

Руската армија ја нападна и воздушната база во градот Конотоп во регионот Суми и 58-та украинска моторизирана пешадиска бригада. Во воздухопловната база се стационирани хеликоптери, а во близина се наоѓа и фабрика за ремонт на авиони.

Украинците, пак, со беспилотни летала ја нападнале руската погранична област Белгород, при што загинале две лица, објавија медиумите во Русија.

Спречен е напад со дронови во Смоленската област, а од делови на уништено беспилотно летало избувнал пожар во зградата на енергетскиот комплекс, изјави шефот на регионот Василиј Анохин.

Претходно во текот на ноќта, како последица на експлозија на дрон, оштетена е енергетската инфраструктура во областа Малојарославец во областа Калуга. /МИА

Сајкоски: Во програмата „Платформа 1198“ за Битола предвидено е изградба на обиколница

Во програмата „Платформа 1198“ за Битола предвидено е изградба на обиколница што ќе ја поврзува со Грција.

Почитувани граѓани на Битола,

Битола и битолчани ќе бидат во фокусот на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

За Битола се предвидени многу инфраструктурни проекти. Во новата програма „Платформа 1198“ за Битола е предвидено да се изгради обиколница што ќе ја поврзува со Грција. Предвидено е да се изгради автопат кој што ќе поврзува Битола со Прилеп, а исто така предвидено е да се изгради патот Градско-Прилеп, со тоа што Битола ќе биде поврзана инфраструктурно и ќе има добра можност за економски развој.

Исто така, предвидено е реконструкција и рехабилитација на патот Кичево-Охрид. Подобрување на патната инфраструктура кон Ресен.

Исто така, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ предвидено е подобрување на железничката инфраструктура.

Со ова, на Битола ќе дадеме можност за економски раст и развој. Можност за подобра иднина на сите, и за младите и за возрасните.

Битола ќе го добие процутот онаков каков што треба да го има низ годините. Битола ќе биде економски центар во регионот.

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5

Ковачки: Со Платформата 1198 ќе го развиваме истокот на Македонија

Изградба на Клиничката болница и обиколница во Штип како и поврзување со Струмица.

Полека се враќа ентузијазмот кај нашите граѓани, сите се приклучуваат на идејата за Твоја Македонија и сите ни се приклучуваат на ВМРО-ДПМНЕ.

Со Платформата 1198 планираме да го развиваме истокот на Република Македонија, планираме изградба на Клиничката болница во Штип, планираме обиколница околу нашиот Штип и секако планираме физибилити студија, изработка на проект за поврзување на Штип со Струмица.

Како што работи успешно нашиот градоначалник во Штип, така планираме да работиме и ние на централно ниво.

Ги повикувам сите граѓани масовно да ни се приклучат на 24 април да го дадат својот глас за број 2 за Гордана Силјановска Давкова да биде претседател на Македонија, а потоа на 8 мај за Христијан Мицкоски и во Изборна единица 3 да освоиме една голема победа за ВМРО-ДПМНЕ и за Република Македонија.

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3

притисни ентер