Стоилковски: Истрагата за Рекет е фарса што трае со месеци

Целата истрага за случајот Рекет е фарса која што трае со месеци. Случајот е пријавен уште во април, а Русковска обвинителството молчеше и не постапуваше цели три месеци. 

Дури откако скандалот беше обелоденет во медиумите, а целата јавност виде како со помош на продолжената рака на Заев, Катица Јанева се рекетирале бизнисмени, Русковска обвинителството се одважи да постапи.

Тогаш тргна вториот дел од операцијата под работно име „да ги извлечеме двата пипци на октоподот за да ја спасиме главата". Тогаш беа приведени Боки 13 и Зоран Милески и започна медиумската кампања за спас на Зоран Заев преку обид јавноста да биде убедена дека овие двајцата без помош на власта, само сами изнудувале милиони евра. Тогаш Заев уште се трудеше да ја брани и заштити својата црвена линија преку која вршеше политички притисоци, а тоа е Катица Јанева. Уште во тоа време Заев се уште тврдеше дека немало докази против Катица Јанева, а Рускоска обвинителството и остави уште еден месец во кој што имаше време да ги избрише трагите коишто водат кон неа и кон Зоран Заев.

Барањето за продолжување на притворот упатено денеска од страна на Вилма Русковска е уште едно продолжување на фарсата, доколку со истрагата не бидат опфатени и други функционери и доколку истрагата не биде насочена и кон главата на октоподот.

Никако поинаку не може да се толкува фактот што дури и шефот на Русковска, Љубомир Јовески постапува по наредби на притворената Катица Јанева за која и нејзината адвокатка вели дека има нарушено психофизичко здравје и прима лекарства.

Судот во овие неколку дена треба да одлучи дали ќе постапи по најавите на Заев, Катица Јанева да биде пуштена од притворот во Истражниот затвор. Да потсетам, токму како што најавил Заев на проширената лидерска средба, дека тој имал сознанија дека наместо во затворски, Катица Јанева ќе биде преместена во домашен притвор. Во петок, за два дена од денеска, истекуваат 30 дена определениот притвор за Катица Јанева.Имајќи ги предвид досегашните предвидувања на Зоран Заев, кој патем и досега споменувал дека има увид во истраги, па и сега за Рекет каде во аудио-снимка се споменува и неговото име и имиња на негови најблиски соработници не е тешко да се види сиот овој театар. Обвинителството на Русковска формално да побара продолжување на притворот, а Катица и Фрчковска, нејзината одбрана да побараат ослободување.Чиста фарса!

Па Катице, според искуството на државата со Зоран Заев, послушај се сама, и како му велиш на Камчев: Не се секирај за ништо се ќе биде ОК!

Рекет ја разоткрива власта во целост, и го открива сиот владино-обвинителско-судски октопод за уценување, рекет и политички прогон. Заев како премиер нема проблем да зборува за увид во судски и обвинителски истраги, да има увид во сведочења, да разговара со обвинители или со обвинети, со осомничени, притворени или пак нивни адвокати. Заев нема проблем да кажува со недели однапред какви ќе бидат судските одлуки.

На Заев и на СДСМ единствено им е важно Рекет да мине што побезболно, истрагата да тапка во место, наместо и други лица да се најдат во притвор, власта прави привид и притворените да ги извади и да ги спаси. Доколку сега судот ја ослободи Катица од притвор, и ја премести во домашен притвор, значи дека работи исклучиво по наредба на Заев.

Ова е далеку од правна држава, ова е далеку од европски, светски и цивилизациски стандарди, ова е целосно заробено општество од рекетарскиот октопод.

Пипците на Октоподот се толку раширени и во него се вплеткани толкав број на функционери на власта, што невозможно е да се разреши освен на избори! Избори веднаш, бидејќи додека државната мафија си ги спасува луѓето фатени и вмешани во милионскиот рекет, Македонија се исели.Избори веднаш, за да може да почне обновата и да одговара секој еден што се огрешил пред законот.

Прес-конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија

Најмалку четири лица се удавија во морето поради големите бранови предизвикани од ураганот Нелсон во Шпанија.

Две лица се удавија вчера во градот Тарагона, источна Шпанија и две во регионот Астурија, во северниот дел на земјата.

Невремето зафати неколку шпански региони, а брзината на ветерот достигна 90 километри на час. /МИА

Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели. 

Карлос Алкараз беше јасен фаворит во борбата за овогодинешната Мастерс титула во Мајами, но веќе во четвртфиналето се прости од вториот трофеј на тој АТП турнир од серијата 1.000, бидејќи изминатава вечер немаше решение за ударите на Григор Димитров - 0:2 (2:6, 4:6).

И не само тоа, Шпанецот беше толку слаб што по мечот не се срамеше да признае колку бил во сенка на пониско рангираниот бугарин.

- Повторно ме натера да се чувствувам како да имам 13 години. Не се сеќавам дека некој ме натерал да се чувствувам вака. Помина долго време откако се случи такво нешто. Не знаев што да правам. Барав решенија, но тој не ми дозволуваше. Чувствував неверојатна фрустрација, изјави 20-годишниот Шпанец по неговата изненадувачка елиминација.

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели.

- Генијалноста е често во едноставноста. Знаев дека морам да бидам поагресивен, да ги водам поените. Многу е тешко да се направи тоа против него, изјави пресреќниот, но разумен „џелат“ на шампионот на неодамнешниот Мастерс во Индијан Велс.

Димитров за финалето ќе се бори со Александар Зверев од Германија, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат бранителот на тронот Данил Медведев (Русија) и Јаник Синер (Италија). /MИА

Во чест на Мирко Попов промоција на винил издание - ПОП КУЛТУРА

 Во Eдукативниот културен центар „Лабораториум“ вечер ќе се одржи промоција на првата винил компилација посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари - ПОП КУЛТУРА, во рамки на платформата „Силата ЕУ Младите“.

Настанот е во чест на неодамна починатиот Мирко Попов, кој ја основа платформата „Силата ЕУ младите“, која ја издаде плочата.

Како што соопштија од тимот „Силата ЕУ Младите“, компилацијата претставува значаен историски документ и запис за времето и квалитетот на македонската поп музичка сцена на докажано најквалитетниот носач на звук и се уште најценетиот во светот на музиката (винил), што е куриозитет на домашната сцена.

Компилацијата опфаќа селекција песни од најрепрезентативните млади автори на македонската поп музичка сцена: Аудио Цигла (Audio Cigla), Миа Перевска (Mia Perevska), Дина Јашари (Dina Jashari), Андреја Салпе (Andreja Salpe), Зи (Zee), Јанг Дади (Young Dadi), Матеј Фолтц (Matej Foltz) и веќе признаениот музичар Слаткаристика (Slatkaristika).

Музичкиот избор оваа вечер ќе биде на диџеите на младиот колектив Македонско Улично Радио: Скам, Аудио Цигла и Демиџ Контрол. Промотивниот настан се реализира во соработка помеѓу Силата ЕУ Младите“, Македонско Улично Радио и Лабораториум.

Платформата „Силата ЕУ Младите“, е еден од низата проекти иницирани и програмски уредени од Мирко Попов, кој континуирано и посветено работеше за поддршка на младите и креирање простор за нивно изразување, работа и препознавање како креативна и надоаѓачка сила во музиката и културата. Како продуцент и куратор го реализира и ова, 13-то по ред винил издание за дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“.

- Во издание на „ПМГ Рекордингс“, Попов реализираше 300 изданија македонска музика од македонски автори на македонски јазик. Затоа Мирко Попов е еден од најголемите чувари на македонскиот идентитет. Ако Југославија го имаше „Пакет Аранжман“ во 1981, како пресек на тогашниот нов бран, Македонија денес го имановиот бран на поп музика на компилацијата ПОП Култура, чија историска вредност ќе се покаже во годините што доаѓаат. Голема радост за Мирко беше оваа плоча, чија промоција за жал не успеа да ја дочека, а во негова чест ќе ја промовираме овој петок во Лабораториум, се вели меѓу другото во соопштението од тимот на „Силата ЕУ Младите“.

притисни ентер