Честичките на загадениот воздух доаѓаат и до неродените бебиња

Загадувачките честички од воздухот се најдени на фетална страна на постелка , што покажува дека и неродените деца се изложени на загаденоста на воздухот.

Според научниците од белгискиот институт , честичките на јаглерод , што настанале од моторното согорување и другите начини на горење на фосилните горива, преминале во постелката , односно во неродените бебиња.

Ова е прва студија која покажа дека честичките вдишени од мајката можат да минат низ бариерата на плацентата. Илјадници ситни честички на кубен милиметар ткиво се забележани во секоја анализирана плацента.

Корелацијата помеѓу нивото на загадување на воздухот и зголемениот број абортуси, предвремено родени деца или намалена тежина на раѓање кај новороденчињата е утврдена претходно. Сепак, оваа студија сугерира дека загадувачите, а не само воспалителните процеси што се случуваат во телото на мајката заради нечистиот воздух, би можеле да бидат директно одговорни за тоа.

За време на студијата, истражувачите анализирале 25 постелки на жени кои не пушат , а живеат во градот Хаселт, чие ниво на загадување на воздухот е многу пониско од лимитот на ЕУ, но повисоко од оној што го препорачува Светската здравствена организација (СЗО).

Во секоја плацента се наоѓале наночестички на плодната страна на плацентата, а нивниот број зависел од нивото на загадување на воздухот на кое била изложена мајката. На пример, бремените жени кои живеат во близина на поголемите патишта во просек во плацентата просечно имале 20 000 наночестички на кубен милиметар. Оние што живеат далеку од патиштата имале просечно 10,000 честички на кубен милиметар.

Научниците исто така ја анализирале плацентата на жени по абортус и откриле дека честичките биле присутни и кај фетусите постари од 12 недели. Откривање на загадувачки честички на феталната страна на плацентарната бариера значи дека постои голема веројатност дека неродените деца се директно изложени на наночестички.

Продуктивната анализа на крвта и студиите сега се во тек за да откријат дали загадувачките честички предизвикуваат оштетување на ДНК.

„Навистина е тешко да се дадат совети, сите треба да дишеме“, рече докторот и раководител на истражување, Тим Наврот од универзитетот Хаселт во Белгија.

Изборите ги следат 915 домашни и 544 странски набљудувачи

Денешните избори ги следат 915 домашни и 544 странски набљудувачи. Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР која фигурира со над 200 набљудувачи, излезе со првична оценка.

-На крајот од денот ќе го собереме податоците за да направиме проценка како тече процесот. Како што знаете, имаме повеќе од 200 набљудувачи низ целата држава денеска и дополнителни набљудувачи кои се тука од март и ја оценуваат целата кампања- Џилијан Стирк – шефица на наблудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР

Прв круг претседателски избори – Македонија избира меѓу седум кандидати

Мирно, без посериозни инциденти и проблеми - Македонија избира претседател.

Веќе осум часа, повеќе од 1,8 милиони граѓани со право на глас се дел од првиот круг на седмите претседателски избори, на кои учествуваат седум кандидати. Нашите репортери се на терен и од блиску го следат изборниот процес.

Во Државната изборна комисија е Михаела Димовска.

Седум тинејџери уапсени за нападот врз свештеникот во Сиднеј

Австралискиот антитерористички тим денеска уапси седум тинејџери поврзани со момче обвинето за верски мотивиран терористички напад врз бискуп во Сиднеј, а уште петмина се на распит во полиција.

Полицијата соопшти дека во акцијата била вклучена екипа од повеќе од 400 полицајци и припадници на безбедносните служби, во која биле уапсени соработници на 16-годишното момче обвинето за терористички акт. Момчетo го избоде со нож асирскиот бискуп Мар Мари Емануел за време на црковна служба во живо на 15 април.

Полицијата соопшти дека ги привела тинејџерите бидејќи претставувале „неприфатлив ризик“ за општеството. Според полицијата, тинејџерите верувале во религиозно мотивирана насилна екстремистичка идеологија. /МИА

притисни ентер