Шинид О’Конор , имаше настап во живо во хиџаб (ВИДЕО)

Пејачката Шинид О’Конор и покрај огромниот број проблеми со кои се соочуваше во последно време , за потоа да премине во Ислам , имаше неверојатен настап во утринската програма на британската телевизија.

По сензационалната изведба на својата песна “Nothing Compares to You”, дури и сомничавиот водител Пирс Морган морал да се извини поради пцуењето од возбуденост во настапот во живо.

Таа во емисијата раскажа и за проблемите во минатото , особено со Принц.Раскажа дека познатиот музичар ја повикал во неговиот дом во Малибу во 1990 година, „и таа наивно отишла сама“.

Принц, рече таа, збеснал кога сфатил дека таа не сака да биде негова штитеничка и ја предупредил да не се открива што се случило во интервјуа. На крајот тој физички ја нападнал и таа избегала. Рече дека знаела дека не е единствената пејачка што ја нападнал Принц, кој во тоа време бил „на многу гадни лекови“.

Шинид, која минатата година премина во Ислам, дојде во студиото со шамија и маичка со боја на виножито, и му објасни на водителот дека не станува збор за конверзија во друга религија, туку дека цел живот била муслиманка , само што не била свесна за тоа.

Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени

Следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот.

Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата, соопшти УХМР.

Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 4 до 12, а максималните дневни ќе достигнат до 27 степени.

Струмичката болница обезбеди модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за хируршки зафати

Струмичката болница обезбеди и започна со работа со нова модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за потребите на одделот хирургија, информираа од оваа здравствена установа.

Како што соопштија оттаму, со лапароскопска хирургија се овозможува полесен третман на пациентите со минимални инвазивни третмани, помал губиток на крв, помал ризик од инфекции, полесно заздравување и пократок престој на пациентите во болница за разлика од отворените хирушки интервенции.

-Тимот на хирурзи, хирурзи на абдоминална хирургија, во болницата веќе подолго време работат лапароскопски операции, а во наредниот период ќе се работи на проширување на експертизата, доедукација на лекарите во лапароскопска хирургија, како и во гинекологија за проширување на видот на оперативните третмани кои досега се работеа во нашата болница со класични отворени хирушки методи, велат од ЈЗУ „Општа болница Струмица“.

Инаку, лани се направени вкупно 1.400 операции, од кои околу 300 лапароскопски хирушки интервенции.

Видео: Мечка трчала низ улиците на град во Словачка, меѓу повредените има и девојче

Мечка трчала низ улиците на град во Словачка, меѓу повредените има и девојче. Видеото е од 17 март, а кафеавата мечка е убиена во синоќа во локалната шума.

Словачкиот министер за животна средина Томаш Тараба изјави дека е убиена кафената мечка која повреди пет лица во еден словачки град.

На социјалните мрежи се шири снимка од мечка која на 17 март трча низ улиците на еден словачки град.

На тамошните градски власти им беа потребни десет дена за да ја пронајдат мечката, која беше убиена во локалната шума во вторникот.

Според Тараба, владата на Словачка користела дронови за да ја пронајде мечката, пренесе Би-Би-Си. Се проценува дека мечката има три години и тежи околу 70 килограми. Повредени се пет лица, меѓу кои и десетгодишно девојче, а двајца со рани и гребаници се пренесени во болница.

притисни ентер