Синот на Пирс Броснан стана манекен , не сака да биде актер како татко му (ФОТО)

Актерот Пирс Броснан од секогаш бил привлечен за жените , поради својот актерски талент , како и шармантниот изглед, што го наследи и неговиот син Парис.

Броснан го има 18- годишниот Парис од бракот со новинарката Кили Шеј Смит , со која е во брак од 2001 , а имаат и уште еден син , Дилан.

За разлика од татко му , кој го посвети животот на актерството , Парис се занимава со модата , а неделава беше забележан заедно со манекенката Стела максвел на Неделата на модата во Лондон.Цело време од публиката го следеше татко му Пирс.

Покрај овој успех, младиот Парис има зад себе неколку други. Така, може да се пофали дека носи модели од некои од најголемите модни имиња како Долче и Габана и Ралф Лорен, со бројни насловни страници на списанија како Teen Vogue, GQ Korea, Numero, Vanity Teen и Rollercoaster.

Повеќе од 145.000 луѓе го следат Парис на Инстаграм, а женскиот дел од неговите обожаватели не ги крие симпатиите.

French number and all

A post shared by 310 ༜ 808 (@paris.brosnan) on

Иако многумина од нив би сакале да го освојат неговото срце, сè уште не е познато дали некоја од девојките го освоила, бидејќи 18-годишникот го чува својот приватен живот за себе.

I told u not to wake me

A post shared by 310 ༜ 808 (@paris.brosnan) on

Хезболах истрела неколку десетици ракети кон Израел

Либанското исламистичко движење Хезболах синоќа соопшти дека истрелало десетици ракети врз северен Израел како одговор на смртта на двајца цивили во јужен Либан, во напад за кој е обвинет Израел.

Борците на Хезболах истрелаа „десетици ракети Катјуша“ врз северен Израел „како одговор на нападите на израелскиот непријател врз домовите на цивилите, особено за масакрот во Ханин и смртта на цивили“, се вели во соопштението на проиранското шиитско движење.

Од почетокот на војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Појасот Газа на 7 октомври, секојдневно има размена на оган меѓу израелската армија и Хезболах, кој тврди дека го поддржува палестинското исламистичко движење.

Проиранскиот Хезболах, кој има арсенал ракети и прецизни проектили, гаѓа израелски воени позиции и локации во близина на границата, а Израел реагира со бомбардирање цели на либанска територија, претежно на југ, вклучително и целни напади врз припадници на Хезболах и Хамас. /МИА

Во Кавадарци отворени гласачките места, се гласа за претседател на државата

 Во Кавадарци утрово навремено беа отворени гласачките места, се гласа за претседател на државата, информираше претседателката на Општинската изборна комисија, Емилија Петровска. 

- Малку проблеми пак со убиг апаратите. Но, со помош на ИТ лицата, се е ставено во ред, нагласи таа за МИА.

Петровска потсети дека за вчерашниот ден, за гласање беа пријавени 110 болни и немоќни лица во домашни услови и 14 штитеници во Дом за вонсемејна грижа „Др.Јанески" во кавадаречкото село Чемерско.

- Согласно на законот, тие лица гласаа вчера, ден пред изборите за претседател на државата денеска. Во избирачкиот список за општина Кавадарци се евидентирани вкупно 31.868 гласачи, соопшти Петровска.

Таа појасни дека немаа пријавено лица од оваа општина што издржуваат казна затвор, а кои исто така можеа да гласаат во текот на вчерашниот ден.

Отворени се сите избирачки места во десетте општини во Југоистокот

Сите 273 избирачки места во десетте општини во Југоистокот се отворени утрово во 7 часот, а право на глас во првиот круг на претседателските избори имаат 141.167 гласачи.

Според информациите од општинските изборни комисии, гласањето веќе тече, а освен неколку мали технички проблеми со фингер и УВ апаратите не се забележани други проблеми. Според изборните комисии техничките проблеми се надминуваат и не влијаат на изборниот процес.

Инаку, во Југоисточниот плански регион се гласа во општините Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Конче, Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово.

Вчера гласаа болните и изнемоштените и затвореници од затворите во Струмица и Гевгелија.

притисни ентер