Откако нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска излезе со тврдење дека нејзината состојба е влошена, особено психичката.
Од затворот велат дека Јанева уште кога е примена има одредена дијагноза за која пие соодветна терапија, но стручни лица редовно ја следат нејзината состојба..
Нарушувањето на здравјето, заедно со префрлањето на предметите во редовното обвинителство, се очкува да бидат главните аргументи на одбраната, која веќе до судот поднела барање за укинување на мерката притвор.
“Основите поради кои се бара укинување на мерката притвор е дека таа практично повеќе не е на нејзината функција специјален јавен обвинител. Во таа смисла не може ниту претпоставено да влијае ниту на предметите кои ги водеше СЈО ниту на сведоците односно обвинителите кои беа нејзини помошници во СЈО. Дополнително и основнот дека е разрешена и од јавен обвинител во Гевгелија оди во прилог на овој наш наод.”,изјави Ирена Фрчкоска – адвокатка на Катица Јанева.
Одбраната ќе бара укинување на притворот со депонирање на соодветна гаранција во недвижен имот. Според анкетниот лист од Антикорупциска, Јанева пријавила дека поседува земјоделско земјиште, куќа и плац во Гевгелија и во околината и два стана во Скопје кои се водат на име на нејзините две деца, синот и ќерката.
Поранешната обвинителка има неколку моторни возила, на нејзино и на име на децата. Во две македонски банки пријавила и четири депозити во вкупна вредност од близу седум милиони денари.
Јанева, според информациите, е сместена во женскиот дел во Истражниот затвор во Шутка во посебен дел, а ќелијата ја дели со уште една притвореничка. Осомничена е во случајот „Рекет“, а од вчера освен што и престана мандатот во СЈО, повеќе не е ни обвинител во Основнотот јавно обвинителство во Гевгелија.
30те дена притвор кои и беа определени завршуваат за два дена. Дали обвинителството ќе побара продолжување на притворот или определување на други мерки засега не е познато..