РСБСП: Поддржувајте ги алтернативни форми на мобилност- пешачење, велосипедизам и јавен превоз

Возењето велосипед, пешачењето и користењето на јавниот превоз создава пријателства и ја подобрува комуникацијата со луѓето и со околината.

Според истражувањата на реномирани меѓународни организации, лицата кои пешачат и возат велосипед живеат во просек две години повеќе од оние кои не пешачат и не возат велосипед и земаат 15 отсто помалку денови за боледување, велат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), потестувајќи на придобивките од користењето на алтернативните форми на мобилност за време на кампањата „Европска недела на мобилност", која почна од вчера и ќе трае до 22 септември.

– Возењето велосипед согорува 600 калории на час, го намалува крвниот притисок, а истовремено ја зголемува енергијата. Возењето велосипед и пешачењето прави човекот да се чувствува помлад, ослободува од стрес и е во хармонија со природата, велат од РСБСП, додавајќи дека таквите алтернативни форми на мобилност придонесуваат за здрава животна средина, намалено загадување, намален сообраќаен метеж и намалена бучавост.

Истражувањата покажуваат дека на растојание до пет километри, во урбана средина, велосипедот е доминантно превозно средство во однос на автомобилот од аспект на побрзо и побезбедно пристигнување на посакуваната дестинација и од аспект на полесно паркирање.

– Паркингот за велосипеди е секогаш достапен, бесплатен и одзема многу помалку простор. Со пешачење и со користењето на велосипедот како сообраќајно превозно средство се заштедуваат многу пари за скапо гориво. Исто така, купувањето велосипед е далеку поевтина опција, отколку купувањето автомобил, потсетуваат од РСБСП.

Освен тоа, возењето велосипед, пешачењето и користењето на јавниот превоз создава пријателства и ја подобрува комуникацијата со луѓето и со околината.

Статистичките податоци покажуваат дека ако се земаат предвид бројот на поминати километри и бројот на пренесени патници, јавниот превоз е најбезбеден начин за пристигнување до посакуваната дестинација.

– Јавниот превоз е редовен и загарантиран. Со користењето на јавниот превоз се елиминираат ризиците кои може да го загрозат патувањето како техничка неисправност на возилото, откажување на возилото на пат и друго. Согласно наведеното, користењето на алтернативните форми на мобилност треба да биде ваша секојдневна, позитивна навика од која добиваат сите, а најмногу вие самите. За здрави животни навики, за чиста животна средина, за побезбеден сообраќај, треба да се користат алтернативни форми на мобилност, истакнуваат од РСБСП. /МИА

Мицкоски со повик за национално единство до опозицијата: Да се избориме против хаосот

Живееме во тешки времиња. Државата е во хаос, институциите се парализирани, апатија и разочараност се чувствува насекаде. 

Изгубена е довербата во политичарите, бидејќи народната волја е многупати изигрувана. Ништо не функционира. Македонија е одземена од рацете награѓаните, а граѓаните со право се скептични дали може да се промени тоа, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Крива Паланка.

Мицкоски додаде дека овие избори се последна шанса за спас, промените се можни и се на дофат, а народот бара промени затоа што Македонија е изморена од чекање.

Народот нема контрола врз сопствената држава затоа што стотина луѓе од ДУИ управуваат со цела Македонија. Се создаден артаноиден режим кој е дополнуван и ослужуван од слугите од СДСМ и Ковачевски. Тие тоа го прават за да купат ден повеќе, а ДУИ за да украде милион повеќе. Оваа држава не се создаде за да им служи и биде јагма на Ковачевски, Талат, Ахмети, Бујар или Зечевиќ, туку да им служи на граѓаните на Македонија, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека СДСМ разработуваат е своевиден заговор против Македонија, наместо да поработат на понуда и план за излез од кризата, тие од ДУИ и СДС земале дигитроните и прават математика колку може да си поделат од позициите и државните функции.

- ДУИ со нивните коалициони сакале 70 посто од министерствата, компаниите, институциите, а 30 само 30 посто за СДСМ и Ковачевски. И за ова има информации дека имало веќе средби, а Ковачевски му рекол на Ахмети земи бел лист ххартија напиши колку треба за СДСМ ние ќе прифатиме. Ете на тоа дереџе падна СДСМ, и со тој образ ѓон партијата ја сведоа на најниските гранки. Од друга страна дека ова е вистина што ви го кажувам се потврдува со инаа симулација која вчера ДУИ ја направи на распределба на министерски места и владини позиции. Јадно СДСМ никаде го нема. Ќе им порачам кусо, влада не се прави со дигитрони, туку со поддршка од народ. И оваа завера нема да ви помине, истакна Мицкоски.

Според него исто така и Стево Пендаровски е активно вклучен во молење кон странците, но секоја врата му е затворена и треба да знаат дека ќе изгубат силно и убедливо.

Мицкоски им се обрати на неопределените и тивкото мнозинство велејќи дека тоа се луѓе со извонредни капацитети кои ги повика да гласаат и да ја поддржат ја опцијата која ќе ја направи Македонија повторно твоја.

- Сакам да се обратам и до македонската опозиција. До партиите кои по разни основи се расцепкани. Јас доколку не повикам на национално обединување би го погазил супстратот и идеологијата на мојата партија, затоа што ВМРО е и Демократска партија за македонско национално единство. Пред сликата на руините и хаосот кој го прави оваа власт, ви велам дека секоја наша разлика со било која опозициска партија, било тоа да е Левица или ЗНАМ е помала од големата и заедничка работа пред нас, а тоа Македонија и нашата борба да кажеме дека има надеж и дека има иднина, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски посочи дека подава рака за обединување во битката против оваа ненародна власт предводена од ДУИ и нивните измеќари од СДСМ, затоа што гласањето и излегувањето на овие избори не е само наше уставно право туку и чин на патриотска должност, а прифаќањето на подадената рака ќе значи дека искрено и чесно сите се бориме против оваа власт.

Изборите на 24 април, па потоа на 8 мај се таа шанса за народот. Неизлегувањето на изборите е поддршка и награда за сите оние кои се лоши политичари. Гласањето на овие избори и поддршката прво на професорката Гордана Силјановска Давкова потоа и на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија значи приклучување кон единствената сила за промени ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.

Мицкоски додаде дека „Платформа 1198“ им конкретни проекти што ќе ја обноват и ќе ја преобликуваат нашата иднина, но и кои ќе утврдат јасна траекторија за нашите граѓани.

Ветуваме економски раст до 5 %, Отворање на 55 илјади нови работни места, Фронт против корупција. Проверка на имотот на судиите и јавните обвинители и нивните семејства, 250 милиони евра за инвестиции во општините. Реорганизација на министерствата и институциите и ќе го намалиме бројот на функционери. Грижа за најранливите категории преку повеќе мерки и реформи меѓу кои и зголемување на надоместок за социјална заштита. Зголемување на пензиите за 5 000 денари за сите пензионери. Ќе обезбедиме секое дете да оди во градинка, посебна финансиска поддршка за мајките преку поврат на даноци и 6 бесплатни оплодувања ин витро, демографијата е многу важна. Поевтини сметки за струја преку укинување на тарифата за пристап до мрежа, 800 милиони евра за македонското земјоделство и уште многу други проекти, изјави Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

Ковачевски: Гарантираме 30.000 денари просечна пензија, пензионерите ја изградија оваа држава

Јас и моите другари од СДСМ и од коалицијата за европска Македонија сме подготвени да работиме ден и ноќ за да го реализираме она што стои во нашата програма. 

Гарантираме 30.000 денари просечна пензија, но и многу други финансиски мерки за поддршка на нашите пензионери. - порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Охрид.

Во изминатите седум години направивме многу работи. Имавме подеми и падови, но сепак, во ниту еден момент не се откажавме! Ниту кога беше најтешко, кога земјата се соочи со КОВИД пандемијата, и потоа кога се боревме со енергетска и економска криза. Цело време бевме рамо до рамо со граѓаните. Донесовме девет пакети антикризни мерки вредни 2,6 милијарди евра. Им помогнавме на над 660.000 домаќинства да не се соочат со ценовен шок од сметките за струја. Се погриживме нашите пензионери да имаат достоинствени примања и ги зголемивме пензиите за 55%. - рече Ковачевски

СДСМ, Коалицијата за европска иднина и нашиот претседател Стево Пендаровски ви нудиме јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на правото, социјалната правда. Рече Ковачевски и додаде: Јас Димитар Ковачевски, во име на сите мои другарки и другари од СДСМ и Коалицијата за европска Македонија, ве повикувам на 24 април и на 8-ми мај да го заокружите бројот 1 и да гласате за европска иднина. Одиме на победа!, се наведува во партиското соопштение.

Трајковски: Уште повисоки пензии во новиот мандат, за подобар живот за пензионерите

Кандидатот за пратеник од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија , Горан Трајковски вечера во Кисела Вода рече: Изминативе седум години напорно работевме. 

Во сите кризи, и пандемија, и економска криза и енергетска криза, Владите предводени од СДСМ успеаја да направат многу. Обезбедивме повисоки плати, пензии, поддршка за бизнисите, за домашните компании. Во најтешкото се обезбедија и огромни средства за антикризни мерки, се заштити стандардот на граѓаните и стопанството.“

“Свесни сме за работите кои ги загрижуваат граѓаните, вечерва и ќе поразгавараме за тоа сигурно. Но, она што сакам да го кажам е дека ние досега покажавме дека имаме план. Ние нема да се откажеме од подобар живот за пензионерите, за работниците, за компаниите. Ние нема да се откажеме од европската иднината на граѓаните. Нема да се откажеме од преговорите со ЕУ. Нема да се откажеме од подобар живот за младите. - рече Трајковски

Зборувајќи за програмата за претстојните избори во која има планирани повеќе мерки за пензионерите како и покачување на пензиите од 20.000 за минимална пензија и 30.000 за просечна пензија, кандидатот за пратеник на СДСМ, Трајковски порача: Ние на дело ја покажуваме нашата заложба за подобра иднина. Во новата програма за европска иднина, се предвидени уште повисоки плати, поголеми пензии, поголема поддршка за компаниите и за земјоделците - рече Трајковски

Во своето обраќање кандидатот за пратеник од СДСМ, Трајковски кажа: „Граѓаните можат и ќе ја препознаат разликата на овие избори. Изборот е меѓу надеж и безнадежност. Меѓу тоа дали ќе одиме напред или ќе се заглавиме пак назад во минатото, нови 11 години.“

„Граѓаните знаат дека со нас нема откажување! Знаат дека нема враќање назад, затоа ве повикувам на 24 април и на 8-ми мај да гласате за Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ и за нашиот претседател Стево Пендаровски – им порача Трајковски на присутните граѓани вечерва во Кисела Вода, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер