Почина професорот на Прав­ни­от фа­кул­тет „Јус­ти­ни­јан Пр­ви’’ Томе Груевски

Професорот Томе Груевски, комуниколог и про­фе­сор на Прав­ни­от фа­кул­тет „Јус­ти­ни­јан Пр­ви“ во Скопје почина на 70 години по долго боледување.

 Груевски беше професор по пред­ме­ти­те ко­му­ни­ко­ло­ги­ја и од­но­си со јав­нос­та и имаше значаен удел во образованието на повеќе генерации новинари.

Гру­ев­ски остави значајни трудови во об­лас­та на комуниколошките те­ории и мо­де­ли на ко­му­ни­ци­ра­ње, ма­сов­ни­те ме­ди­у­ми ка­ко пос­ред­ни­ци во ко­му­ни­ка­тив­ни­от про­цес, ма­сов­но­то ко­му­ни­ци­ра­ње и дру­ги­те об­ли­ци­ на ко­му­ни­ци­ра­ње.

Не­гов по­се­бен ин­те­рес на ис­тра­жу­ва­ње беа те­ор­и­и­те и кон­цеп­ци­и­те на од­но­си­те со јав­нос­та, а меѓу бројните трудови се и книгите ис­то­ри­ја на но­ви­нарс­тво­то, историја на македонското новинарство, те­о­ри­ја на но­ви­нарство­то, од­но­си со јав­нос­та , култура на го­вор­на­та ко­му­ни­ка­ци­ја, ко­му­ни­ко­ло­ги­ја, од­но­си со јавнос­та- те­о­рии и мо­де­ли,  ко­му­ни­ко­ло­ги­ја на ме­ди­у­ми, ко­му­ни­ко­ло­ги­ја на жан­рот, ко­му­ни­ко­лош­ки лек­си­кон.

Беше и мен­тор на кан­ди­да­ти на док­тор­ски ди­сер­та­ции и ма­гис­тер­ски те­зи.

притисни ентер