Еспер: Иран ги крши законите на меѓународниот поредок

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави денес дека недамнешните напади на саудиските нафтени полиња за кои САД го обвинува Иран се „без преседан“.

Покрај тоа, тој истакна дека САД со сојузниците работи на одбрана на меѓународниот поредок заснован на закони кои Техеран ги „поткопува“.

Еспер на Твитер напиша дека во Белата куќа е одржан состанок на кој претставници на Министерството за одбрана и други функционери го известиле претседателот Трамп за ситуацијата.

Како што пренесува „Ројтерс“, Еспер додал дека викендов разговарал со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и ирачкиот министер за одбрана Келедом ал Обаидиј.

притисни ентер