„Абарт 595 Писта“ е златна средина

Новиот модел е замислен како опција помеѓу стандардниот „595“ и поскапата верзија „Туризмо“.

„Абарт“ ја претстави „Писта“ верзијата на моделот „595“ кој е заснован на „Фиат 500“. Произведувачот соопшти дека овој автомобил во поглед на цената е позициониран измеѓу базичната верзија на „595“ и „595 Туризмо“.

Сепак „595 Писта“ има мотор со иста јачина како и „Туризмо“. Тоа значи дека под хаубата се наоѓа 1.4 литарски турбо- бензин мотор со165 коњски сили.

Силата на предните тркала се пренесува преку автоматизиран мануелен менувач кој во суштина работи како автоматик но брзините можат да се менуваат и рачно.

Од „Абарт“ се пофалија дека овој автомобил во петта брзина забрзува од 80 до 120 км/ч за 7,8 секунди а неговата максимална брзина е 218 км/ч.

За „595 Писта“ да може безбедно да запре ставени се специјални сопирачки со дискови чиј пречник е 264 мм напред и 240 мм назад.

притисни ентер