Премиерот и членовите на Владата ги намалиле личните службени трошоци за 26 отсто

Владата на Република Македонија го објави најновиот шестмесечен извештај за трошоците на функционерите на актуелниот состав на владата

Како што наведува во соопштението,тргнуваат од основниот принцип на отворена и транспарентна влада, и од принципот за јавност и пристап до информации од јавен карактер како основно право на граѓаните.

-Целта на оваа алатка е да врши мониторинг врз трошењата и работата на носителите на јавни функции и да ги наметне и промовира вредностите за кои оваа Влада силно се залага, а тоа се: штедење на парите на граѓаните и домаќинско работење, како и транспарентност и отчетност пред граѓаните, се истакнува во соопштението.

Според податоците што произлегуваат од мониторингот со помош алатката за отчетност и транспарентност, Владата на Република Македонија во четвртиот циклус од своето владеење, односно во периодот од декември 2018 до мај 2019 година, ги намалила вкупните трошоци за 26 отсто, во споредба со првиот мониториран циклус кој го опфати перидот од јуни до крајот на ноември 2017 година.

Овој извештај го опфаќа периодот четири и се однесува за личните службени трошоци на претседателот на Владата на Република Македонија, замениците на претседателот, министрите, замениците-министри, генералниот секретар на Владата и државните секретари на министерствата, за периодот декември 2018 – мај 2019, бележи вкупно трошоци во овој мониториран циклус во висина од 16.184.264 денари, за разлика од првиот мониториран циклус, веднаш по стапувањето на должност на актуелната влада, кога се забележани трошоци во висина од 21.876.430 денар.

-Падот на вкпуните лични службени трошоци на носителите на јавни функции во Република Македонија, опфатени со овој мониторинг, бележи континуитет, ако се земе предвид и податокот за вкупните трошоци за претходно мониторираниот периодот од јуни до ноември во 2018 година, кога тие изнесуваа 18,259,116 денари, стои во соопштението.

За споредба, наведуваат, вкупните угостителски услуги преку мензи, ресторани и бифеа во рамките на институциите, во првиот мониториран период (јуни – ноември, 2017 г.), изнесувале 5.965.616 денари, а во најновиот извештаен период (декември 2018 до мај 2019) се намалени на 3.211.886 денари.

Вкупните угостителски услуги во земјата, според извештајот, преку надворешни угостителски објекти, од 4.098.762 денари, паднале на 1.610.929 денари во споредбените мониторинг циклуси, додека, пак, угогостителските услуги во странство од 935.652 денари се намалени на 716.318 денари.

Во соопштението се истакнува дека заклучно со четвртиот мониториран циклус од декември 2018 година до мај оваа година, Алатката веќе нема да ги прикажува трошоците на функционерите од претходната влада бидејќи споредбата ќе го зафати периодот на техничката владата.

Со овој најнов извештај за мониторинг на личните службени трошоци на претседателот на Владата на Република Македонија, замениците на претседателот, министрите, замениците-министри, генералниот секретар на Владата и државните секретари на министерствата, Алатката ги содржи финансиските и наративни извештаи за 24 месеци, поточно од јуни 2017 до мај 2019.

До Алатката за отчетност може да се пристапи преку следниов линк: https://vlada.mk/otchetnost-troshoci

Алатката со податоците до третиот циклус, која ги содржи споредбите со претходната Влада, ќе биде архивирана и достапна за преглед на сајтот на Владата на Република Македонија./МИА

Американскиот Конгрес на 20 април ќе гласа за помошта за Украина и Израел

 Претставничкиот дом на САД на 20 април ќе го одржи долгоочекуваното гласање за помош на Украина, Израел и Индо-Пацификот, изјави претседавачот Мајк Џонсон. 

Гласањето е по повеќе од два месеци откако пакетот беше одобрен во Сенатот.

Надлежниот комитет претстави закон што ќе обезбеди 60,84 милијарди долари за Украина и регионалните партнери, од кои 23,2 милијарди долари ќе бидат искористени за обнова на резервите американско оружје и објектите.

Поддршката за Израел изнесува вкупно 26,38 милијарди долари, вклучително и средства за покривање на трошоците за американските воени операции како одговор на неодамнешните напади.

Средствата наменети за Индо-пацификот изнесуваат 8,12 милијарди долари.

Бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитети

По повод 18 Април, Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, денеска е овозможен слободен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство,.

По повод 18 Април, Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, денеска е овозможен слободен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе бидат отворени во текот на целиот ден, со што граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со археолошките локалитети и спомениците низ државава.

Од Министерството за култура соопштија дека птворени ќе бидат вратите на националните установи: заводи и музеи во Битола, Штип, Охрид, Прилеп и во Струмица; Стоби и Хераклеја; Спомен-куќа на Тоше Проески; Археолошки музеј; Национална галерија со сите свои објекти; Музеј на современата уметност; Музеј на македонската борба; Историски музеј во Крушево; Музеј на албанската азбука; Уметничка галерија во Тетово; „Д-р Никола Незлобински“ во Струга; Музеј на Западна Македонија во НОВ – Кичево; Музеј на тетовскиот крај; Природонаучен музеј; Музеј на Северна Македонија; музеите во Куманово и во Гевгелија.

Меѓународниот совет за споменици и локалитети (ИКОМОС) во 1982 година го прогласи 18 Април за Светски ден на културното наследство, а ИКОМОС секоја година препорачува тема за прославата и активностите на тој ден организирани од страна на националните и меѓународните научни комитети.

Секоја година темите се актуелни, и се однесуваат на подигнување на свеста на јавноста за значењето на светското културно наследство, за заштитата, чувањето и афирмацијата на непроценливото богатство откриено преку археологијата.

Годинашна тема за Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, се додава во соопштението, е „Катастрофи и конфликти низ призмата на Венецијанската повелба“.

На тригодишното генерално собрание на ИКОМОС во 2023 година во Синдеј, темата „Наследство отпорно на катастрофи и конфликти – подготвеност, одговор и закрепнување“ беше избрана како тема за Тригодишниот научен план 2024 – 2027 година. За таа цел, ИКОМОС Македонија во текот на април го разгледува скопскиот земјотрес во 1963 година и неговиот ефект врз културното наследство низ призмата на годинашната тема.

Филаделфија избори плејофот

Екипата на Филаделфија ќе игра во плејофот на НБА-лигата. Сиксерси ноќеска во плејин средбата ги совладаа кошаркарите на Мајами Хит со 105:104.

Најпродуктивен играч за Филаделфија беше центарот Џоел Ембид. Имаше 23 поени, 15 скока и пет асистенции.

Клучен играч од клупата во домашниот тим беше Николас Батум, кој постигна 20 поени и пет скока.

Најефикасен во Мајами беше Тајлер Херо со 25 поени.

Филаделфија во првото коло од плејофот ќе се соочи со Њујорк никс.

Мајами ќе има уште една шанса да избори учество во разигрувањето за титулата. Противник во вториот дуел од плејин ќе им биде Чикаго кој ноќеска го победи тимот на Атланта.

притисни ентер