Прва година „Трчај бе“ - трка низ улиците на Битола

Точно 770 пријавени натпреварувачи од 10 земји, меѓу кои македонската атлетска елита и актуелната балканска шампионка, викендов ја истрчаа Битола на првата градска трка „Трчај бе“.

Градска трка организирана од група ентузијасти кои решија Битола да стане град на трчачи.

„И се случи Трчај бе на Битола, успеавме да го организираме најмасовниот спортски настан кој некогаш Битола го имала. Би сакале настанот да ни прерасне во традиција за сите нас" - изјави директорот на трката Никола Димитровски, по професија адвокат и вљубеник во трчањето.

Тој заедно со група ентузијасти неколку месеци интензивно ја ширеа идејата дека и Битола треба да добие градска трка и да стане град во кој луѓето ќе се поттикнат да трчаат.

Пријавени беа поединци и тимови од многу комапнии, факултети, здруженија, семејни тимови кои направија вистински спортски празник за градот под Пелистер. Никогаш Битола не била толку раздвижена во недела наутро.

Трката се случи во истиот викенд во кој беше отварањето на Фестивалот на филмската камера Браќа Манаки, правејќи меѓусебна промоција и кампања "Трчај бе во Битола, за да трчаш потоа на филмски проекции", при што секој учесник доби бесплатни билети за следење на филмскиот фестивал.

„Трчај бе“ кампањата се водеше исклучително преку социјалните медиуми, инволвирајќи жители од Битола со цел да покаже дека "обичните" херои трчаат на Трчај бе.

Во категорија 5к жени, првото место го освои Миљана Ристиќ (19 мин 51 сек), воторото Виолета Ивановиќ и третото Марија Пеликон, сите три од Македонија. Во категоријата на 5к трка на мажи, Кристијан Стојани (16 мин 43 сек)беше прв а по него, Наум Танески и Григоријан Никовски од Македонија.

На трката 10К за жени, првото место и припадна на Теодора Симовиќ од Србија (34 мин 50 сек), додека од Македонија второто и третото го освоиа Адријана Поп Арсова и Билјана Кираџиева. Кај мажите на 10к тркатапрвото место го освои Кокан Ајановски (33 мин 43 сек), второто Атанс Анчевски и третото Димитар Петровски, сите од Македонија

Некои од нив во Битола ги направија своите лични рекорди.

Доделени се и тимски награди, награда за највозрасниот учесник, а до крајот на неделата ќе се објави наградениот за најкреативен тарнсапрент и најдобра фотографија испратена од публиката.

За организаторот на „Трчај бе“, победници се сите кои се одважија и за прв пат ги истрчаа своите километри и со подигнати раце ја поминаа целта, со чувство на успех и лична радост кое само учесник на трка знае што значи.

Едно е сигурно, во 2020 Трчај бе ќе и се случи повторно на Битола.

Захарова: Русија нема да учествува на конференцијата за Украина

Русија нема намера да учествува на конференцијата за Украина, чија можност ја спомена украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Претходно Кулеба изјави дека преговорите со Русија за решавање на вооружениот конфликт со Украина би можеле да се одржат меѓу првиот и вториот самит за „формулата за мир“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Русија нема намера да учествува на таква конференција. Формулата на Зеленски не е ништо друго освен алхемија“, истакна Захарова.

Андоновски: „Нула корупција“ во јавните набавки

 Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, денеска беше во посета на Струмица каде имаше средби со приватни компании од ИТ секторот и локалната администрација.

- Од она што можев да го забележам од досега реализираните средби e распространетото ниво на корупција, особено во јавните набавки и начинот на кој што се распоредуваат и трошат народните пари во Општина Струмица, начинот на кој што сe набавуваат потребни материјали за Општината, но и пошироко. Централната власт покажа колку е закоравена корупцијата. Затоа предлагаме „Нула корупција" преку интеграција и дигитализација на сите регистри, изјави Андоновски.

Посочи дека преку оваа мерка ќе се превенира корупцијата преку системот на јавни набавки, преку потекло на имот и дали некои луѓе се поврзани со проектите и на кој начин ќе ги добијат тендерите.

-Регистарот ќе ги спречи злоупотребите поврзани со лицата вклучени во јавните набавки во поглед на нивната подготовка и евалуација, но и учеството во истите од страна на компаниите кои конкурираат. Овој систем ќе послужи и во процесот на проверка на потеклото на имот. Ќе формираме сектор во рамките на Бирото за јавни набавки задолжен за контрола на критериумите за економски најповолна понуда и за спречување на манипулации во процесот на јавните набавки, додаде Андоновски.

Топлотен бран од Африка пристигнува во Македонија

На Македонија во наредниве денови и се заканува екстремно топло време со летни температури над 30 степени, нешто што е невообичајно за овој дел од годинината.

Долнително песочен облак од Сахара, кој веќе прави проблеми во соседна Грција ќе дојде и во земјава. На оваа тема ја вклучуваме Мирјана Мирчевска – Јовановиќ.

Што велат метеоролозите, кога пристигнува топлото време?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер