Од денеска во Битола се наплаќа на сите јавни градски паркинзи

Цената на паркинг услугата во зона-А изнесува 30 денари за паркирање за период од 2 часа, а секој дополнителен час ќе се наплаќа по 25 денари. 

Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Oпштина Битола информира дека од денеска почнува со наплата на паркинг услугите на зонското паркирање во сите зони, како и на затворените паркинг простори во градот.

Од претпријатието посочуваат дека возачите непречено ќе користат паркинг простор со плаќање преку СМС порака, со купување на билет за паркирање или со поднесување на барање за добивање на повластена паркинг карта.

Цената на паркинг услугата во зона-А изнесува 30 денари за паркирање за период од 2 часа, а секој дополнителен час ќе се наплаќа по 25 денари. Во зона-Б ќе се наплаќаат по 20 денари за паркирање од два часа и дополнителни 20 денари за секој нареден час, додека во зона-Ц паркирањето ќе чини по 30 денари паркирање за цел ден.

Наплатата на паркинг услугите од денес се врши во терминот од 07 до 21 часот, од понеделник до сабота, додека во недела и државни празници нема да се наплаќа услуга за паркирање на подрачјето на Општина Битола.

Бројот на административци намален од 165 на нешто под 140 илјади

 Премиерот Зоран Заев во врска со огласите за вработување во државните институции денеска изјави дека секогаш при крајот на годината има примање и трансформирање на работниот однос и оти најчесто се пополнуваат испразнетите работни места.

–  Секоја година, при крајот на годината има примање и трансформирање на работни односи воедначено. Крајот на годината е можност за сите што поминале осуммесечен, деветмесечен приправнички стаж да може да напредува, да добијат решенија за трајно вработување и слично, а крајот на годината исто така ги прави и буџетските баланси за сите оние што отишле во пензија. Нема нешто повеќе, нема нешто помалку од она што постоело во годините без разлика дали следуваат избори или не, се пополнуваат испразнети места. Знаете дека администрацијата од 165 илјади е намалена на нешто под 140 илјади. Продолжуваме со тој тренд заради тоа што севкупната рационализација и потребата во приватниот сектор е се поизразена и исклучиво веруваме дека е тоа добро за државата, изјави Заев.

Одговарајќи на новинарски прашања, Заев нагласи дека реформата во јавната администрација се одвива под буден мониторинг на Европската делегација. 

ВМРО-ДПМНЕ: Пензионерите за три години се оштетени за 1.800 денари

Зоран Заев и Мила Царовска им земаа на пензионерите 1.800 денари.

Реакција на прес-конференцијата на Мила Царовска.

Зоран Заев и Мила Царовска им земаа на пензионерите 1.800 денари.

Три години по ред власта не им дава  на пензионерите покачување од 600 денари, кое го имаа во време на ВМРО-ДПМНЕ.

Пензионерите за три години владеење на СДСМ се оштетени за 1800 денари.

Наводното покачување кое од догодина ќе го имаат пензионерите е само покачување за една година, а притоа власта им ги задржа на пензионерите парите кои ќе ги добиеја со ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Заев за идната година најави вработувања на научен и наставен кадар

За да ја доближиме правилната примена на македонскиот јазик до младите луѓе и да мотивираме создавање стручни кадри кои ќе го пренесуваат знаењето за македонскиот јазик, потребен е подмладок во фелата.

Со моето присуство овде како премиер, испраќам порака дека оваа Влада се определи за заштита, афирмација, поддршка на употребата на македонскиот јазик и  поддржуваме секоја искрена иницијатива која оди во прилог на унапредувањето на современиот македонски јазик, истакна премиерот Зоран Заев на отоврањето на четвртата Меѓународна научна конференција што ја организираше Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков" во рамки на Отворените денови.

Рече дека  се обидуваат да ги поддржат националните институти кои, како што рече, беа запоставени во претходното време и дека следната година ќе се работи на зголемување на бројот на нововработен научен и наставно-научен кадар.

-За да ја доближиме правилната примена на македонскиот јазик до младите луѓе и да мотивираме создавање стручни кадри кои ќе го пренесуваат знаењето за македонскиот јазик, потребен е подмладок во фелата. Помогнавме да се подобрат условите за работа во Институтот за македонски јазик со нови компјутери, со климатизација на целата зграда, со реновирање и модерен амфитеатар… Исто така, за 25 проценти одлучивме да има зголемување на платите од октомври оваа година во националните институти што беа оставени од 2008 година со најниски плати во државата. Голем дел од нашите научни работници овде беа навистина и со плати пониски од наставниците во средното образование. Предвидовме средства и за минат труд што одамна не е добиен. Во рамките на издавачката дејност за 2019 година, како никогаш досега се поддржани сите списанија и зборници и монографии на Институтот за македонски јазик, а правиме напори за финансирање и на националните проекти што пред десетина години беше целосно укинато, истакна Заев.

Соопшти дека деновиве треба да почне јавна расправа за Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик што предвидува, меѓу другото, вработување лектори во сите институции во државата, но и поактивна афирмација на македонскиот јазик во странство преку обновување на некогашни лекторати, но отворање и нови, особено во соседните земји.

-Визијата на Мисирков денес е наша активна мисија, рече Заев на отворањето на научната конференција, порачувајќи дека  денешните генерации имаат должност да им предадат на идните генерации жив македонски јазик. Таа одговорност, рече, е уште поголема ако се имаат предвид очекувањата за исчекор во евроатлантските перспективи и службената употреба на македонскиот јазик во европските институции.

Директорката на Институтот за македонски јазик Елена Јованова-Грујовска рече дека евентуалните вработувања во Институтот и на Скопскиот универзитет не се предизборно мотивирани, туку, како што рече, се насушна потреба за млад кадар.

-Имаме доволно услови за да вклучиме во работата уште најмалку 15 млади научници и да им го пренесеме нашето знаење. Во изминатата деценија државата отвораше нови универзитети и во нив го насочуваше новиот кадар. Националните институти, меѓу кои и нашиот кој е придружна членка на УКИМ, доживеа стареење на кадарот. Процесот на прием на млад кадар е започнат, но би апелирале за побрзо темпо за вработување, рече Јованова-Грујовска и нагласи дека е време да се размислува за враќање на финансирањето национални проекти укинато пред една деценија.

На дводневната четврта меѓународна научна конференција, годинава на тема „Македонскиот јазик – извор на филолошки и културолошки истражувања", учествуваат 66 лингвисти. Четириесет и пет се  од  земјава, а 21 од Полска, Србија, САД, Русија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Турција и Словенија.  Институтот наскоро ќе организира и јавна трибина за Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик. 

притисни ентер