Почнува традиционалната манифестација „Звуците на чаршијата"

Од денеска до 18 септември во старото градско јадро на Скопската чаршија ќе се одржи 13. традиционална манифестација „Звуците на чаршијата".

Како што информира Културно-информативниот центар – Скопје кој е организатор на настанот, манифестацијата треба да придонесе кон еманципација на културно неизградените средини, но и да даде придонес кон континуираните активности на Град Скопје и Културно-информативниот центар – Скопје за ревитализација на Старата скопска Чаршија.

Според нив, целта на манифестацијата е преку концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на стари занаети, чаршијата да заживее во духот на традицијата како културен и духовен споменик на градот и да се врати духот на занаетите, барем на оние што останале до денес.

Тридневна програма на манифестацијата ќе биде збогатена со литературни дела на писателите, изложба на фотографии и многу други перформанси./МИА

Велешкиот суд му одреди притвор на Панчевски

Судот во Велес денеска му одреди притвор на поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски.

Информацијата за Канал 5 ја потврдија извори од велешкиот суд, појаснувајќи дека притворот му е одреден затоа што тој не се појавил на денешното рочиште, а не бил присутен ниту неговиот бранител.

Пред една година скопското обвинителство поднесе обвинителен предлог против Панчевски за злоупотреба на службената положба во врска со АКМИС-от, системот за управување со судските предмети во кривичниот суд. Предметот се суди во Велес за да се избегне евентуална пристрасност во Скопје поради тоа што Панчевски беше претседател на кривичниот суд.

Зибери: Идејата за првиот премиер Албанец претставува моќен симбол за еднаквост

Кандидатот за премиер од редовите на ДУИ, Насер Зибери, денеска со караванот „Оствари го сонот" ги посети Теарце, Порој, Челопек, Жеровјане, Камењане, Голема Речица и Мала Речица.

Зибери разговараше со граѓаните од овој регион за предизвиците со кои се соочуваат, презентирајќи ги своите планови, заложби и идеи за иднината на овој регион, а исто така граѓаните имаа можност да добијат и одговори на прашањата кои ги засегаат во секојдневниот живот.

На средбите Зибери со соговорниците дискутираше и за неговите заложби за првите 100 дена од неговиот мандат, за важноста на ова патување, откривајќи ја идејата за првиот премиер Албанец, што претставува моќен симбол за еднаквост, мултиетничка припадност и современа демократија, а исто така е и идеја за подобар живот за сите.

Зибери од жителите на овој регион побара поддршка за оваа идеја не само од албанските граѓани, туку и од Македонците и другите етнички заедници./МИА

Царовска во Кисела Вода: На 15 јули да гласаме за повисоки плати

Носителката на кандидатска листа во ИЕ 1 и потпретседателка на СДСМ Мила Царовска вечерва на трибина на Кисела Вода ги повика граѓаните на 15 јули да излезат и да гласаат за бројот 3. 

"На 15 јули ве повикувам да гласаме за повисоки плати, повисоки пензии за повеќе градинки. Ветивме дека ќе вложуваме во децата и најсиромашните и го направивме тоа. Го подигнавме стандардот. Стечајните работници коишто со години талкаа по улиците се обезбедени до пензионирање со месечен надоместок. Не ги заборавивме и повозрасните. Не калкулираме и не манипулираме со пензионерите. 324 илјади пензионери добија повисоки пензии за 722 денари.

Во Кисела Вода заедно со градоначалникот инвестиравме во нова детска градинка. За две и пол години изградивме, инвестиравме, реновиравме 44 градинки во цела држава од кои 16 се во Скопје. Продолжуваме да вложуваме во детскиот развој, затоа што оваа инвестиција е највредната и најзначајна за иднината на нашата држава", рече Царовска.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер