Хуманоиден робот знае да ги услужи и расположи луѓето со вицови (ВИДЕО)

Хуманоидниот робот Пепер , висок 1,20 метри , знае да препознае основни човечки емоции и да ги расположува луѓето , ако забележи дека се несреќни.

Пепер знае да кажува вицеви , да разговара и да препознава со каков тон му се обраќаат луѓето. Пепер комуницира со глас и со пораки на таблет. Претставен е пред четири години , а сега со помодерни карактеристики , се користи банки , на аеродроми , универзитети , а најмногу го користат во ресторани.

Softbank Robotics најавува дека нивниот робот ќе добие нова работа следната година. Тој ќе работи во едно кафуле што ќе се отвори во Токио.

Тоа нема да биде целосно „роботско“ кафуле, но роботите во него треба да работат со луѓе. Тие ќе им служат на гостите кои ќе можат во пракса да видат како ќе изгледа иднината во која нашите видови би коегзистирале со роботите:

„Наша цел е да создадеме простор каде луѓето ќе можат да живеат заедно со роботи и да уживаат во еволуцијата на роботите“, соопштија од Softbank Robotics во најавата за отворањето на кафулето. Местото ќе се вика „Пепер салон“ и ќе продава кафе и вафли.

Креаторите на „Пепер“ забележуваат дека роботите нема да работат во нивното кафуле за да ја зголемат ефикасноста и да ги заменат луѓето, туку дека Пепер ќе донесе нови можности за услуги и „ќе ги израдува луѓето“.

Несомнено е дека роботот ќе се снајде добро во новата улога, бидејќи покрај тоа што е достапен на аеродромите, банките и слично, тој веќе работел како келнер.

Поточно, во Будимпешта роботот ги служи гостите, додека во кинескиот  „Pizaa Hat“ прима нарачки за гости.

Исто така, хуманоидниот робот е присутен во многу домаќинства, и кога неговата продажба почна во Јапонија пред четири години, сите 1.000 парчиња - колку што беа достапни , се распродадоа за помалку од една минута.

притисни ентер