Десетици изчезнати во потонат брод на реката Конго

Триесет и шест лица се водат за исчезнати , кога потона патнички брод на реката Конго , во близина на главниот гард Киншаса на ДР Конго.

,, По потонувањето на бродот 36 лица исчезнаа , а 76 преживеаја.” се наведува во полицискиот извештај. Драмата се случила ноќеска , според локално време, а причината за несреќата не е позната. Бродот потонал на место каде има силни подводни струи.

Несреќите на реките во Конго се вообичаени затоа што бродовите се застарени и преполни со патници и товар.

За жал, патниците честопати не носат спасувачки појаси, а повеќето не знаат да пливаат, па има многу жртви.

Хантер Бајден бара отфрлање на обвиненијата за затајување данок

Хантер Бајден бара отфрлање на обвиненијата за затајување данок, за кои тврди дека се политички мотивирани.

Адвокатите на Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден, побараа да се отфрлат обвиненијата против него за федерално затајување данок како дел од политички мотивираното гонење.

Ејб Ловел, главниот бранител на Хантер Бајден, истакна дека ова не е обичен случај, тврдејќи дека има неправилности во начинот на кој бил покренат и истражен, што федералните обвинители го отфрлија, пренесува Си-Би-Ес њуз.

Во правните поднесоци поднесени во последниве недели, канцеларијата на специјалниот советник Дејвид Вајс соопшти дека политиката нема никакво влијание врз случајот и ги отфрли тврдењата дека обвиненијата се покренати за да се смират републиканците, нарекувајќи го тврдењето „поттикнување заговор“.

Окружниот судија на САД Марк Скарси подоцна укажа на недостиг на докази за поддршка на тврдењето дека политиката има какво било влијание врз обвиненијата.

Хантер Бајден не се појави на сослушувањето во средата, но се изјасни за невин по девет федерални даночни обвиненија во Централниот округ на Калифорнија во јануари, откако федералните обвинители наведоа дека тој се вклучил во „четиригодишна шема“ за да избегне плаќање најмалку 1,4 милиони долари даноци и го обвинија за непријавување и неплаќање данок, односно затајување.

Видео: Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис

 Четири лица се убиени, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен маж е уапсен.

Полицијата, исто така, соопшти дека некои од жртвите биле избодени со нож, но во нападот не било употребено огнено оружје, пренесуваaт локалните медиуми.

Убиени се 15-годишно девојче, 63-годишна жена, 49-годишен маж и 22-годишен млад човек.

Шефицата на полицијата во Рокфорд, Карла Ред, изјави дека загинале вкупно четири лица, додека еден е тешко повреден.

Четири лица се префрлени во болници, каде состојбата им е стабилизирана.

Полицијата соопшти дека засега не е позната причината за нападот.

Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав

Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав, на дневен ред Декларација за годишнината на НАТО.

Собранието денеска ќе ја започне последната нова седница во овој парламентарен состав. На предложениот дневен ред за 149. седница се тринаесет точки. По оваа седница закажани се и продолженија на 131-та, 135-та, 138-та, 145-та и 103-та седница.

Во рамки на новата 149. седница пратениците треба да ги разгледаат Предлог на декларација за одбележување на четвртата годишнина од членството на Република Македонија во НАТО и Седумдесет и петтата годишнина од формирањето на Алијансата, Дополнетиот предлог на законoт за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите, Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител, Дополнет предлог на закон за основање на Медицински факултет во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, сите во второ читање и Предлог на автентичното толкување на член 93 став 2 од Законот за урбанистичко планирање и Барањето за давање на автентично толкување на член 19 од Законот за наследувањето, поднесено од пратеникот Лидија Тасевска, Дополнет предлог на закон за виното, второ читање, како и Предлог на закон за изменување на Законот за културата, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми, Предлог на закон за дополнување на Законот за спортот, и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите, сите по скратена постапка.

На продолженијата на 131-та, 135-та, 138-та, 145-та и 103-та седница, меѓу другите, на дневен ред се и закони за кои е завршена расправата и за кои ќе треба само да се гласа.

Собранието неформално ќе ја прекине работата во пресрет на кампањата за претседателските избори на 24 април која почнува на 4 април, додека парламентарните избори се закажани за 8 мај.

притисни ентер