Шпанија е светски првак во кошарка

Кошаркарите на Шпанија в доминантен стил го освоија пехарот на Светското првенство во кошарка , што се одржа во Кина.

Тимот на селекторот Серџо Скариоло ја совлада Аргентина со 95: 75 и дојде до втората шампионска титула.

Ова е исклучително голем успех на Шпанците , кои далеку зад себе ги оставија Американците , на деветтто место , Србите, Французите...

Но , особено радосен на победата е Марк Гасол , кој успеа во подвигот што до сега му успеало само на американскиот кошаркар Ламар Одом. Гасол со тимот на Торонто репторс во НБА лигата го освои шампионскиот прстен , а сега и светското злато , два најголеми кошаркарски успеси во една сезона.

По освојувањето на втората светска титула, помладиот од браќата Гасол истакна дека сега е можност тимот да испрати некои важни пораки.

"Мора да им кажеме на младите луѓе дека тие треба да бидат добри луѓе. Сега е шанса да покажеме добри примери затоа што имаме внимание на медиумите. За мене беа добри три месеци. Среќен сум и благословен што сум во оваа ситуација", рече Гасол.

На прашањето дали Шпанија ќе ги има браќата Гасол и на Олимпијадата во Токио следната година , тој рече дека за ова не може да се разговара во моментов.

притисни ентер