Цената на нафтата во светот може да се зголеми поради нападите на рафинерии во Саудиска Арабија

По нападите со дронови на најголемната рафинерија на светот, запрена е нејзината работа , така што овој застој може да предизвика раст на цената на нафтатата на светските берзи.

Поради нападите , за кои одговорноста ја презедоа јеменската група Хути, производството на нафта е двојно намалено, што може да предизвика зголемување на цените на нафтата.

Саудиското производство на нафта опадна за 5,7 милиони барели на ден, што е 5 проценти од светското производство на нафта, по нападите врз објектите во Абкаик и Кураис, соопшти државната нафтена компанија „Арамко“.

Саудиска Арабија извезува над 7 милиони барели нафта секој ден.

Саудиска Арабија произведува околу 10 милиони барели нафта на ден, а во август произведува во просек 9,85 милиони барели, пренесува Американската агенција за информации за енергија.

„Абкаик е веројатно најважниот објект за снабдување со нафта во светот“, рече Џејсон Бордоф, директор на Центарот за глобална енергетска политика од Универзитетот Колумбија, кој беше член на Советот за национална безбедност на Обама.

„Ризикот од регионална ескалација, што ги зголемува светските цени на нафтата, сега значително се зголеми“, додаде тој.

Објектот во Абкаик обработува сурова нафта од најголемото светско нафтено поле, Гаавар, долго 280 километри и 30 километри широко, и го транспортира до Рас Танура, најголемиот нафтен терминал во светот.

Нафтата исто така се транспортира западно, преку терминалите на Црвеното Море.

Јеменските Хути ја презедоа одговорноста за нападот со 10 беспилотни летала, но американскиот државен секретар Мајк Помпео тврди дека Иран е одговорен за нападот.

Помпео ја нарече акцијата „невиден напад врз снабдувањето со нафта на светот“. Иран ја отфрла одгворноста за нападот во Саудиска Арабија.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер