Над 20 возачи на мотоцикли ноќеска казнети за пребрзо возење низ Скопје

Сообраќајната полиција вчеравечер до 1 часот по полноќ имала засилена акција за контрола на возачите на мотоцикли.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје во периодот од вчеравечер во 19.30 до 01.00 часот ноќеска спроведе зајакната акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје. Притоа, санкционирани се 21 возач на мотоцикли кои сториле прекршоци.

Откриени се и 43 останати прекршоци за кои се издадени 24 прекршочни платни налози и 19 мандатни платни налози. 

Вчера во периодот од 06.00 до 24.00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа, евидентирани се вкупно 37 прекршоци од страна на возачи на моторни возила, за што им се издадени соодветни казни.

Откриени се и 44 останати прекршоци, за кои се издадени 27 прекршочни платни налози и 17 мандатни платни налози, соопштуваат од МВР. 

Трамп: Оставката на Моралес е значаен момент за демократијата

Претседателот на САД Доналд Трамп рекол дека оставката на претседателот на Боливија Ева Моралес е значаен момент за демократијата во западната хемисфера.

„За еден чекор сме поблиску до целосна демократска, напредна и слободна западна хемисфера“, рекол претседателот на САД.

Трамп рекол дека САД им аплаудира на народот во Боливија затоа што се избориле за слобода и на војската која ја почитува заклетвата дека ќе го штити Уставот на својата земја.

Тој рекол дека Боливија пратила силен сигнал на Венецуела и Никарагва дека демократијата и желбата на народот секогаш преовладуваат.

Моралес вчера поднесе оставка откако војската го повика да го направи тоа по повеќенеделните протести предизвикани од спорните изборни резултати.

Макрон го пречека Претседателот Пендаровски

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски беше пречекан во Париз од страна на Францускиот претседател Емануел Макрон.

Претседателот Пендаровски на Фејсбук објави фотографии од ракувањето со Марон.

„Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата во пресрет на Парискиот мировен форум, на покана на францускиот претседател Емануел Макрон, заедно со шефовите на држави и учесници на Форумот, на кој ќе дискутираме за потребата од заеднички решенија за справување со глобалните предизвици“, напиша Пендаровски во објавата.

Инаку официјалната средба на Макрон и Пендаровски е закажана за утре.

Димкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги понижи земјоделците

СДСМ се грижи, само минатата година 424 млади земјоделци користат грант од 10.000 евра

Откако СДСМ ја презеде одговорноста се соочи со громорозна слика во земјоделието. ВМРО-ДПМНЕ на принципот во четири и очи и прв дојден-прв услужен ги делеше неправедно субвенциите и доделуваше неповратни грантови. Наместо кај вистинските земјоделци, ги понижи земјоделците. Со СДСМ има неселективност и секој земјоделец има фер и еднаква шанса - рече членот на ЦО на СДСМ и Министер за земјоделство, водостапнство и шумарство, Димкоски, на граѓанската трибина на СДСМ „На прав пат" во Свети Николе.

Димкоски потенцираше дека само минатата година 424 млади земјоделци користат грантови од 10.000 евра и дека веќе во Собранието е поднесен предлог за зголемување на субвенцијата на млад земјоделец од 10.000 евра на 20.0000 евра.

притисни ентер