57- годишен Скопјанец загина во пад во бездна на Олимп

Планинарот со иницијали М.Г. , роден 1962 гоидина од Скопје загина на Олимп во Грција , потврдија за Канал 5 од МНР. 

Според информациите на МИА, станува збор за група од околу девет лица од земјава, кои планинареле на Олимп, при што се претпоставува дека на починатиот му се слошило или добил срцев удар пред да падне во провалија.

Сепак, обдукцијата дополнително ќе ги утврди точните причини за смртта.

Во пренесувањето на телото од местото на несреќата во планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“, интервенирале 14 пожарникари припадници и на специјалната спасувачка единица и на противпожарната служба од Литохоро.

Делегации положија цвеќе на партизанските гробишта во Бутел

Делегации од повеќе институции денеска положија цвеќе на партизанските гробишта во Бутел

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, претседателот на градскиот Совет, Љубица Јанчева и секретарот на Градот, Викторија Аврамовска Мадиќ, ги предводеа делегациите што денеска положија цвеќе пред споменикот на ослободителите на Град Скопје на Партизанските гробишта „Бутел" и пред споменикот на генерал Михаило Апостолски на градските гробишта „Бутел".

На гробиштата во Бутел, соопштија денеска од Град Скопје, цвеќиња положија и делегација на Советот на Град Скопје, составена од советниците Игор Вељаноски, Бојан Ивановиќ и Јелена Жугиќ, како и делегација на Градскиот одбор на Сојузот на борците од народноослободителната антифашистичка војна – Скопје, делегации на Град Скопје, од Кабинетот на претседателот на Република Македонија, од Собранието на Република Македонија, делегација од Владата, од Министерството за одбрана, од Генералштаб на АРМ, како и делегации од Општините на Град Скопје, од јавните претпријатија и јавни културни установи на Град Скопје,  делегација на Црвен крст на град Скопје и делегации на дипломатскиот кор, граѓани и институции. 

Осми Самит Македонија 2025, клучни работните вештини и борбата со аерозагадувањето

Сметаме дека доколку земјата ги фокусира своите напори за напредок во овие области ќе стасаме таму каде што посакуваме,  а тоа е подобрување на нашиот животен стандард со тој во Европската унија. 

днинатата на работните места и вештините и иновациите што можат да помогнат за намалување на загадувањето на воздухот, се главните теми на кои во наредните три дена во Скопје ќе дебатираат 50-ина говорници на 10 панели на 8.Самит Македонија 2025 на кој се најавени 400 учесници од државава и странство.

Инвестициите, иновациите, образованието, деловното опкружување, животната средина и корупцијата, се се области кои треба да се подобрат за поголем економски раст и за нив ќе се зборува на самитот, порачаа организаторите, невладината организација со бизнисмени од дијаспората „Македонија 2025".За државава и од аспект на евроатлантските интеграции и иницијативата „Мал шенген", како што порачаа, е најважно да подобри животниот стандард.

– Сметаме дека доколку земјата ги фокусира своите напори за напредок во овие области ќе стасаме таму каде што посакуваме,  а тоа е подобрување на нашиот животен стандард со тој во Европската унија.  БДП по глава на жител кај нас е 37 проценти од просекот во ЕУ. Сакаме да  напреднеме тука. Тоа е она што ќе донесе просперитет и ќе влијае за намалување на имиграцијата и одливот на мозоци, рече на прес-конференција главниот извршен директор на Макеоднија 2025 Никица Мојсовска Блажевски.

Според Мајк Зафировски, основач на Македонија 2025,  на државава и е потребен економски раст од пет до шест проценти за севкупно подбрување на состојбата во економијата.

– БДП годинава ќе расте  3,7 проценти оваа година, подбро од минатата година кога беше 2,9 проценти и подобра од таа претходно од 1,1 процент, меѓутоа тоа не е  доволно. за нашата економија да расте како што треба потребен е раст од пет до шест проценти. Мислам дека двете главни  политички партии ќе се согласат со ова, но сметам дека мора да постои ментален склоп кој ќе го поддржува ова, рече Зафировски.

Како што ќе се подобрува економската состојба, порача тој, така и инвеститорите, вклучително и тие од дијаспората ќе доаѓаат се повеќе. Многу е важно и јакнењето на домашните бизниси кои треба да бидат присутни и на меѓународните пазари, како и финансиската поддршка за нивен развој.Одлуката на ЕУ да не добиеме датум за преговори за членство, според Зафировски,е разочарувачка, но треба да биде поттик за реформи, а влегувањето во НАТО е важен чекор за стабилноста на државата и од аспект на инвестициите. – Како горд Македонец секогаш треба да размислуваме на работите кои се поврзани со одлуката на ЕУ да не почне преговори, а една од главните работи за кои треба да размислиме е секако корупцијата, забележа Зафировски.

Како што потенцираше Мојсовска Блажевски, Самитот што ќе се одржи во наредните три дена е платформа преку која сакаат да ги  поврзат бизнисите од земјава и странство со вклучување на дијаспората која е наш голем ресурс.- Бројките покажуваат дека во диајспората имаме 500.000 до 600.000 иселеници и меѓу нив има вистински професионалци кои сакаат да помогнат на нашата земја. Целта на самитот е и да сподели знаења, да пренесе иноваци и да иницира и мотивира економски реформи.

На посебни панели ќе бидат претставени макеоднски компании кои дават услуги во странство и успешни Македонци кои се присутни на светските бизнис листи, а ќе се зборува и за тоа како бизнисите побрзо и полесно да дојдат до  финансиски средства. – Сакаме да ја мотивираме и инспирираме нашата дијаспора и на младите да им покажеме дека можат да живеат и работат и тука и да бидат успешни во цел свет, посочи Мојсовска Блажевски.

Во пресрет на официјалниот старт на Самитот планиран за утре претпладне, денеска се одржуваат средношколски натпревар „Најдобар бизнис концепт" и бизнис натпревар за стартапи. На официјалното отворање на самитот, во програмата се најавени обраќања на претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз.

Заев: Градбата и развојот на Скопје да биде во дослух со граѓаните

 Градбата и развојот на Скопје мора да продолжи неизнасилено и умерено во дослух со граѓаните, порачува премиерот Зоран Заев.

– Масакар сме направиле заради тоа што градиме. Ние ќе го слушаме гласот на граѓаните. Мојата порака е градбата, развојот на Скопје мора да продолжи неизнасилено, умерено во дослух со граѓаните преку јавните анкети, преку стручните расправи, со богато зеленило внатре за да може главниот град модерно и убаво да  се развива онака како што скопјани тоа го посакуваат. Денеска кога ова го прашувате го давам одговорот на Денот на ослободувањето на Скопје. Слободата не би била комплетна ако не ни биде примамливо Скопје за живеење, за сите нас коишто доаѓаме времено во Скопје, но пред се на граѓаните на Скопје, изјави Заев одговорајќи на новинарски прашања.

Тој порача дека треба сите будно да следат, како градоначалниците кои имаат надлежност, пред се на советите што ги носат урбанистичките планови, но и јавноста, соседите на локациите, и сите заедно, како што рече, да  го чуваме Скопје, да ја чуваме околината во која живееме заради тоа што тоа е наша обврска.

притисни ентер