Џенерал Моторс повлекува од продажба 3,5 милиони возила

Американскиот Џенерал Моторс повторно има големи проблеми , овој пат повлекува од пазарот 3,5 милиони возила.

National Highway Traffic Safety Administration (NHTSA) објави дека со повлекувањето се опфатени 3 456 111 возила , а според првите проценки кај 2% од нив ќе биде детектиран некој дефект. Не е нешто несериозно , туку станува збор за дефект на кочниците. Вакуум пумпата, наводно, може да се олабави, што потоа резултира во вибрации на педалата на сопирачката и звук на потчукнување, но исто така и значително подолго растојание при кочењето. Се разбира, ќе се појави и светло за предупредување.

Со повлекувањето се зафатени  популарните модели на ГМ, како Cadillac Escalade, Chevrolet Silverado, GMC Sierra,  Chevrolet Suburban  и Tahoe , како и GMC Yukon. Станува збор за примероци произведени од 2015 година.

Филипче: 134 медицински сестри почнаа со шест месечна работа во Службите за патронажна дејност

Од понеделникот, 134 медицински сестри почнаа со шест месечна платена работа во Службите за патронажна дејност во 17 здравствени домови и во 2 општи болници со проширена дејност на територија на Македонија.

Министерот за здравство Венко Филипче ги посети и им посака успешен старт на медицинските сестри во Здравствениот Дом во Скопје.

„Чест ми е што на нашиот медицински кадар му овозможуваме достоинствени услови за работа. 42 медицински сестри почнаа со работа во Здравствениот дом во Скопје, а 92 други медицински сестри низ целата држава. Се грижиме за здравствените работници, тука да работат, во македонското јавно здравство. На патронажните сестри им посакувам успешен старт, а ние ќе продолжиме со вистински мерки и политики за да ги мотивираме да останат и да работат во Северна Македонија“, потенцираше министерот Филипче и додаде дека за 2 години издадени се повеќе од 5000 согласности за вработувања и зголемени се платите на здравствените работници. 15% на докторите специјалисти, 10% на медицинските сестри

Патронажните сестри во Скопје ќе бидат распоредени во патронажните пунктови во Поликлиника Чаир, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Драчево, Бит Пазар и Ченто, при Здравствен Дом - Скопје, за граѓаните на градот Скопје и околните населени места.

„Патронажните сестри се поделени по тимови, во 6 пуктови. Ќе одат на терен, во домовите на граѓаните и ќе се грижат за здравјето на оние на кои им е најпотребно. Благодарност на Министерството за здравство за реализираната мерка, со која докажуваме дека се грижиме за човечкиот капитал во нашата земја. Со 42те медицински сестри значително ќе го зголемиме капациентот на Здравствениот дом во Скопје“, истакна директорот на Здравствен Дом, Виктор Исјановски.

Во Кочани и Ресен успешно се реализира моделот интегрирана здравствена и социјална заштита. Стручен тим од медицински сестри, физиотерапефт, неговател и социјален работник оди во домовите и се грижи за здравјето на пациентите. Со ова, здравствените услуги се доближуваат поблиску до граѓаните.

Фото: Колку се разликуваат новата и старата Октавиа?

Дека новата Окравиа визуелно е значително различна од претходната,најдобро покажува споредбата на фотографии од двата автомобила.

Шкода со новата Октавиа направи голем исчекор напред во полето на дизајнот, како на надворешноста така и во внатрешноста на автомобилот.

Новиот модел изгледа значително помодерно во споредба со старата изведба, без обѕир дали се работи за лимузинската или караванската верзија.

Драстичните разлики се воочливи и во патничката кабина, особено во поглед на дизајнот на командната табла и управувачот, во што исто така можеме да се увериме од фотографиите.

Гугл ќе ги обележува спорите веб сајтови

Гугл експериментира со нова ознака која во Хром пребарувачот треба да ги обележи сајтовите кои споро се очитуваат.

Пребарувачот во иднина ќе има можност и да идентификува сајтови кои на корисниците им се отвораат брзо или споро и да ги обележи со јасни ознаки. Ваквиот начин на обележување може да биде во разни форми, а тимот на Гулг планира да ги испробува преку експеримент и да пронајде кој начин ќе биде најкорисен за корисниците.

Гугл планира да ги идентификува сајтовите кои се дизајнирани да бидат генерално спори. Компанијата ќе анализира историски податови за латенцијата за да установи кој сајт каква ознака заслужува. Од Гугл ја истражуваат и можноста за идентификување на сајтови кои се отвораат споро  заради хардверски причини или проблем со мрежата.

„Многу сме претпазливи кога е во прашање поставување норма околу тоа што се смета за добро искуство на интернет и се надеваме дека тоа ќе биде достижно за сите девелопери“, велат од тимот на Гугл Хром.

Не е јасно кога новиот систем ќе се појави во пребарувачот Хром, но од Гугл овие планови ги најавија на конференција во Сан Франциско. Најавата беше оградено со многу „можеби“ во неа, па е јасно дека Гугл сака повратни реакции од веб девелоперите пред да продолжи со развојот.

притисни ентер