Денеска во Белград се одржува јубилејната Парада на гордоста

Неделата на гордоста не завршува со денешната парада , што се одржува под паролата ,,Не се одрекувам” , порачаа организаторите.

Горан Милетиќ од Организацијата на парадата на гордоста рече дека не очекува проблеми затоа што тие веруваат во полицијата.

Степенот на доверба во полицијата го потврдуваат и организаторите кои аплицираа за организација на Европската гордост, но исто така забележува дека парадата се уште се смета за „удар на традицијата“ на целиот Балкан.

Белградската гордост под слоганот „Не се одрекувам“ е посветена на сите родители кои не се откажуваат од своите деца и кои се горди на нив.

Според нивната страница на Фејсбук во Белград, годинешната рута за одење е подолга од вообичаеното. Поворката ќе помине покрај сите релевантни институции за унапредување на ЛГБТИ  заедницата од која активистите со години бараше  донесување нови закони и нивно поефикасно и доследно спроведување.

Собирот на гордоста започнува на плоштадот Славија од 16 часот, а самата прошетка започнува во 17 часот од хотелот Хилтон.

Информативниот центар на Прајд ќе биде отворен до пролет, а не само еден месец, како претходните години.

Овој пат, седум барања ќе бидат доставени до владата. Имено, се бара одговорност од  државата и подобра заштита на правата на ЛГБТ популацијата, санкционирање на сите случаи на насилство и криминал од омраза, донесување закони за родов идентитет, донесување закони за регистрирани истополови заедници.

Исто така, услов е да се известува објективно за ЛГБТ заедницата, потоа да се реформира образованието и да се отстрани дискриминаторската содржина од учебниците за ЛГБТ и да се донесат закони што би спречиле врсничко насилство засновано врз родовиот идентитет и сексуалната ориентација.

притисни ентер