Вонредна состојба поради бубонска ;чума

Властите на градот Бајан Нури во кинеската провинција Внатрешна Монголија издале предупредување откако во градот починал пациент кај кого била дијагностицирана бубонска чума.

Локалната власт стоопшти дека е воведена вонредна состојба во целиот реон во кој живее починатиот пациент, и дека во карантин се ставени седум лица кои имале близок контакт со заразениот човек.

Во провинцијата Внатрешна Монголија ова бил вториот смртен случај од бубонска чума месецов.

Во Кина редовно се појавуваат заболени од чума, иако ширењето на оваа заразна болест е многу ретко во последно време.

Од 2009 до 20018 година во Кина се регистрирани 26 случаи на заболени од бубонска чума, од нив 11 случаи завршиле со смрт.

Фото: Лепа Брена во бикини

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена со семејството веќе неколку недели летува во монденското Монако.

Брена на своите фанови на социјалните мрежи редовно ги информира за своите активности во монденското летувалишти. Една фотка посебно ги воодушеви нејзините машки фанови.

Атрактивната пејачка која наското ќе наполни 60 години покажа дека за неа годините се само обична бројка.

Брена ги воодушеви фановите со фотографијата на кмоја позира на јахта во црно костим за капење кој го истакна нејзиното негувано и бујно деколте.

На плажа во Италија се породи жена која не знаела дека е бремена?!

45- годишна Австралијка која со семејстбото летувала во Италија се породила на плажа, а не знаела дека е бремена, пренесува „ Hafington Post".

Жената се породила на 1 август но веста е објавена денеска откако мајката и бебето здрави ја напуштиле болницата.

Машкото бебе е седмо дете на брачната двојка од Австралија која со години летува во местото Католици во близина на Римини, на италијанскиот брег на Јадранското море.

Мајката не знаела дека е бремена, почувствувала слабост и дури кога започнало породувањето сфатила што се случува.

Според медиумите, таа се породила на плажа а во необичното породување голем удел имала бабица која случајно се нашла меѓу посетителите на плажата.

Брачната двојка откако мајката и бебето зџдрави си заминале од болница на детето одлучиле да му го дадат името Паоло, по момчето дежурен спасител на плажата кое исто така многу и помогнало на мајката при необичниот настан.

притисни ентер