Научниците во вселената открија структура долга со светлосни години (ВИДЕО)

Меѓународниот тим , кој работи во Опсерваторијата во Јужноафриканската Република на "MeerKAT" телескопот , открија огромни балони во средиштето на Млечниот пат , кои се во облик на песочен часовник.

Научниците сметаат дека стаснува збор за најголемата до сега откриена структура во галаксијата , што е резултат најверојатно на високоенергетска ерупција , што се случила во близина на огромната црна дупка на Млечниот пат пред повеќе милиони години.

И покрај тоа што долго време постои во нашата галаксија, неодамна беше можно да се забележи, благодарение на напредните телескопски инструменти кои можат да детектираат емисија на радио дури и преку густи облаци од вселенска прашина.

Научниците ја опишаа структурата во форма на песочен часовник во новиот труд објавен оваа недела во списанието „Nature“. Како што објаснија , таа е долга стотици светлосни години.

„Центарот на нашата галаксија е релативно мирен во споредба со другите галаксии со многу активни централни црни дупки“, рече Иан Хејвуд, од Универзитетот во Оксфорд, главниот автор на студијата.

„Сепак, централната црна дупка на Млечниот пат може на моменти да стане атипично активна. Можно е една таква активност да предизвика настани што резултираа со структура слична на песочен часовник“, објасни Хејвуд.

Според членовите на истражувачкиот тим, новото откритие би можело да помогне во решавањето на претходните мистерии, давање одговори за природата и појавата на магнетни нишки кои биле забележани во осумдесеттите години на минатиот век.

Рашфорд може да го пропушти ЕП 2024

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд би можел да го пропушти Европското првенство во 2024 година, пишува „Телеграф“.

Според изворот на изданието, на селекторот на Англија, Герет Саутгеј не му се допаднал настапот на играчот.

За да добие место во формацијата на „трите лава“, фудбалерот мора да покаже подогри игри на претстојните натпревари.

Оваа сезона 26-годишниот Рашфорд одигра 35 натпревари, постигна 8 голови и 6 асистенции.

Словенија, Данска и Србија ќе играат против Англија во групната фаза на ЕП 2024. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Кумановска салата

Во четврток (28.03.2024) во емисијата гостин ни беше Нино Величковски.

Состојки за денешниот рецепт:

3 црвени домати

1 свежа краставица

1 главица кромид

1 морков

2 лажици лупен сончоглед

100 гр. сирење

балсамико, масло за јадење, сол по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

„Дубаи мол“ лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе

 Сопствениците на „Дубаи мол“ во Обединетите Арапски Емирати, сооопштија дека трговскиот центар лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе, што го прави најпосетуваното место во светот во 2023 година.

Така, трговскиот центар стана светска атракција, според управителите, привлекувајќи посетители од целиот свет. Управата наведува и дека е забележан скок од над 19 отсто во однос на 88 милиони во 2022 година. А пак, само во првите два месеци од оваа 2024 година, забележани се 20 милиони посетители, така што и годинава „Дубаи мол“ најверојатно ќе постави нов рекорди.

- Овие бројки го одразуваат импресивниот статус на трговскиот центар во Дубаи и го одразуваат напредното лидерство на Дубаи и силната економија. Нашиот трговски центар го отелотворува живиот дух на градот и посветеноста на извонредноста, претворајќи ја визијата на менаџментот во реалност. Како составен дел од економското ткиво на Дубаи, ние играме клучна улога во неговиот успех и иновативност, рече Мохамед Алабар, основач на компанијата „Емаар“ којашто управува со трговскиот центар.

„Дубаи мол“ има околу 1.200 продавници на познати брендови облека, обувки, модни додатоци, апарати за домаќинство итн, а тука се наоѓаат и околу 200 ресторани и кафулиња. Уште една причина за посетеноста е и аквариумот, каде што живеат 33.000 животни. /МИА

притисни ентер