Хутите ја презедоа одговорноста за нападот со дронови врз саудиските рафинерии (ВИДЕО)

Побунетите јеменски групи , Хути , ја презедоа одговорноста за нападот со дронови на нафтените постројки во Саудиска Арабија .

Еден од нападите се случи во покраината Абкик , каде се наоѓа најголемата нафтена рафинерија на светот, а другата во Кураис , каде е втората по големина нафтена рафинерија. По нападот одекнувале експлозии , а дури по неколку часа пожарот бил локалиизран.

Нема жртви во нападите , но е направена голема материјална штета напостројките на мултинационалната компанија . Хутите, преку својата телевизија , стационирана во Бејрут, најавуваат и нови напади.

Од Саудиска Арабија нема коментари за тоа кој би можел да стои зад нападите , ниту проценка на направената штета.

Средба на претседателот Пендаровски со бугарскиот премиер Петков

Претседателот Стево Пендаровски го прими претседателот на Владата на Бугарија, Кирил Петков, кој престојува во официјална посета на Македонија, се наведува во соопштението на кабинетот на претседателот. 

На средбата се разговараше за можностите за унапредување на билатералната соработка во повеќе сфери од заеднички интерес, со оглед на тоа дека Македонија и Бугарија се блиски соседи и сојузници во НАТО. Во таа насока претседателот изрази поддршка за започнатиот дијалог меѓу двете влади, изнесените конкретни предлози, како и намерите за интензивирање на разговорите во наредниот период со цел постигнување мерливи резултати во интерес на граѓаните.

Во однос на отворените прашања меѓу двете земји, претседателот посочи дека е потребно враќање на довербата меѓу двете влади, што ќе придонесе за засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за почувствителните прашања. Надминувањето на меѓусебните недоразбирања е важно за напречено одвивање на македонските евроинтеграциски процеси, како и за неутрализирање на растечкиот евроскептицизам и негативните тенденции во регионот.

Претседателот Пендаровски истакна дека Македонија во духот на добрососедството и почитување на принципот на еднаквост меѓу двете страни, има силна политичка волја да го продолжи дијалогот, со цел изнаоѓање на компромисно решение за отворените прашања.

Тој додаде дека отпочнувањето на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија ќе претставува придобивка за просперитетот и стабилноста на целиот регион. Тоа дополнително ќе влијае на унапредување на соработката во економијата, трговската размена, инфраструктурното поврзување како и соработката во областите на образованието, здравството и културата.

Вториот човек на Ватикан позитивен на коронавирусот

Италијанскиот кардинал Пјетро Паролин, државен секретар и втор човек на Ватикан, како и неговиот заменик, се позитивни на коронавирусот, соопшти денеска ватиканската медиумска служба.

„Паролин (67) е позитивен на Ковид, но со благи симптоми и сега е во изолација", изјави Матео Бруни, директор на медиумската служба.

Позитивен е и неговиот заменик Едгар Пења Пара, венецуелски надбискуп, и нема симптоми, додаде тој.

И двајцата биле вакцинирани против вирусот.

Папата Франциск (85), кој исто така е вакциниран, често се среќава со Паролин, кој му е десна рака и добар познавач на дипломатските прашања.

Проди: Час поскоро да продолжи проширувањето на ЕУ со сите земји од Западен Балкан

Обраќањето тој го искористи токму да го посвети на Македонија.

Поранешниот претседател на Европската комисија, Романо Проди, денеска во обраќање пред учесниците на онлајн-церемонијата на доделување на Светската награда за хуманизам ја повтори неопходноста од продолжување на процесот на проширување на Европската унија со земјите од Западен Балкан.

Обраќањето тој го искористи токму да го посвети на Македонија и потешкотиите со кои се соочува земјата на нејзиниот евроинтеграциски пат, особено неговото изненадување од одлуката на Франција да не даде зелено светло за отпочнување на преговорите со Македонија за членство.

– Сметам дека процесот на проширување на ЕУ мора да се заокружи. Европа е мешавина на германска, саксонска, словенска култура и сите ние сме едно, токму поради нашето мултикултурното наследство. Сакам оттука да дадам силна порака, час поскоро да почне процесот на евроинтеградција на сите земји од Балканот во ЕУ, во спротивно Европа нема да биде целосна. Знам дека многубројното членство во ЕУ значи мултициплирање на проблемите и остава повеќе простор за отворени прашања, но има позитивни промени во политиката. Токму во име на хуманизмот, велам дека тој е единствен, универзален начин за наше сплотување заедно со сите наши различности во потеклото и културата, рече Проди.

Проди кој и самиот е лауреат на Светската награда за хуманизам за 2019 година и на свеченоста на примопредавањето на наградата во Охрид пред три години посочи на потребата од неизоставно забрзување на процесот на присоединување на државите од Балканот кон Европската унија, притоа предупредувајќи дека нема да има целосен и траен мир во Европа се додека сите земји од континентот не станат дел од големото европско семејство. /МИА

притисни ентер