Поп од авион го попрскал градот за да го спаси од пијанство и блуд (ВИДЕО)

Православен свештеник од руската област Твер направи невообичаен потег за да ги спаси жителите на градот од пијанство и блуд.

Отецот Александар Горјачев и уште двајца свештеници од Руската правосклавна црква се качија во авион со 70 литри осветена вода . Од светиот сад , свештеникот го полил градот со вода за да ја спаси заедницата од гревовите , како зависност од аклкохол и дрога и блуд.

Со нив во малиот авион биле и брачна двојка , кија тврди дека сопругот се излекувал од алкохолизам токму со помош на светата вода. Не е јасно само зошто требало да се истурат токму 70 литри вода врз градот.

„Секоја болест доаѓа од вирус, а вирусот е демон. Затоа, секоја болест е пред се и духовна болест“, рече отец Горјачев за Твер новости.

"Дали е шега? Дали се обидуваме да им помогнеме на луѓето за да се ослободат од болестите? Ние промовираме забрана за алкохол, лекови и блуд - дали е тоа смешно?" , одговори Горјачов на прашањето дали луѓето сериозно ќе го прифатат благословот од воздух. „Направете ги да се смеат и ние ја завршивме нашата работа“.

Гугл ќе ги обележува спорите веб сајтови

Гугл експериментира со нова ознака која во Хром пребарувачот треба да ги обележи сајтовите кои споро се очитуваат.

Пребарувачот во иднина ќе има можност и да идентификува сајтови кои на корисниците им се отвораат брзо или споро и да ги обележи со јасни ознаки. Ваквиот начин на обележување може да биде во разни форми, а тимот на Гулг планира да ги испробува преку експеримент и да пронајде кој начин ќе биде најкорисен за корисниците.

Гугл планира да ги идентификува сајтовите кои се дизајнирани да бидат генерално спори. Компанијата ќе анализира историски податови за латенцијата за да установи кој сајт каква ознака заслужува. Од Гугл ја истражуваат и можноста за идентификување на сајтови кои се отвораат споро  заради хардверски причини или проблем со мрежата.

„Многу сме претпазливи кога е во прашање поставување норма околу тоа што се смета за добро искуство на интернет и се надеваме дека тоа ќе биде достижно за сите девелопери“, велат од тимот на Гугл Хром.

Не е јасно кога новиот систем ќе се појави во пребарувачот Хром, но од Гугл овие планови ги најавија на конференција во Сан Франциско. Најавата беше оградено со многу „можеби“ во неа, па е јасно дека Гугл сака повратни реакции од веб девелоперите пред да продолжи со развојот.

Фото: Во јуни играше полуфинале во Париз, а сега атрактивната Доминика го напушта тенисот ?!

Тенискиот свет е во шок, некогашната четврто рангирана тенисерка на светот Доминика Цибулкова одлучила да и стави точка на својата кариера во белиот спорт .

30- годишната Цибулкова која е позната покрај по добрите игри и резултати и по атрактивниот изглед и бујни облини на својот Инстаграм профил објави дека се повлекува од професионалниот тенис.

Тенисерката од Словачка сезонава поради повреда на Ахиловата тетива беше оддалечена од тенискиот терен. Во последните неколку месеци Цибулкова  често можеше да се види на атрактивни и провокативни фотографии направени на егзотични дестинации.

Во јуни годинава Цибулкова успеа да стигне до полуфиналето на Грен слемот Ролан Гарос во Париз, тогаш сите помислија дека Доминика повторно се враќа во светскиот врв, каде беше во 2014 кога играше финале на Австралија Опен.

Но, нејзиното враќање во светскиот врв го прекина незгодата повреда на Ахиловата тетива.

TOYO TIRES со одлична зимска понуда и можност за плаќање на рати!

Посетете ги салоните на Еуроимпекс и дознајте за најновата зимска понуда на Јапонскиот бренд Toyo Tires. Сет од 4 зимски гуми со акциска цена и дополнителна можност за плаќање на рати.

На располагање ви се гуми создадени од висок квалитет, со ново соединение на нагазната површина кое нуди подолг век на траење, подобри перформанси на влажна површина и помала потрошувачка на гориво, како и

заштеда на гумите. Од гуми за патнички возила, премиум и луксузни лимузини, комерцијални возила, спортски и SUV возила, како и off road гуми за екстремни услови на теренот, секогаш овозможувајќи ви безбедно и комфорно чувство на возење, високо ниво на безбедност, удобност и трајност за голем број километри.

Ве повикуваме на брза реакција, бидејќи количините се ограничени.

Toyo Tires пневматиците се достапни во двете импортерски локации на компанијата Еуроимпекс:

Локација 1: Бул Трета Македонска Бригада број 72, 1000 Скопје

Локација 2: Ул Скупи 3а, 1000 Скопје

За повеќе информации https://www.toyo.mk/

притисни ентер