Кинезите го претставија СУВ со најголем дисплеј , веќе имаат илјадници резервации (ВИДЕО)

Кинезите го претставија најновиот СУВ , Бајтон за кого веќе има 50 000 резервации , иако не е почнато производството , зашто фабриката не е доградена.

Бајтон , односно M-Byte има најголем дисплеј од сите модели автомобили. Станува збор за прв сериски произведен модел со екран во кокпитот од 48 инчи. Кинескиот стартап првите примероци ќе ги понуди кон средината на следната година на домашниот пазар , за подоцна да го понуди автомобилот во Европа. Првите нарачки за европскиот пазар ќе почнат да се примаат кон средината на следната година. Бајтон во моментов се соочува со трка со времето. Фабриката во Нанџинг се уште не е готова , а веќе имаат 50 000 нарачки.

Овој голем интерес не треба да изненадува затоа што овој SUV нуди многу. Покрај огромниот екран, има два дополнителни екрани, од 7 и 8 инчи. Мултимедијата е комплетна и вклучува контрола на глас, како и контрола на гестови. Првичната верзија има електричен мотор од 272 КС кој ги управува задните тркала, а со батерии од 72kWh има опсег од 360км. Исто така, има и 4WD верзија со два електрични мотори (408 КС) и батерии 95 KWh со опсег од 435 км. И, се разбира, ги поддржува сите полначи, вклучувајќи го и оној од 150 kW.

На европскиот пазар е објавена почетната цена од 45.000 евра.

Фото: Стара Алфа Ромео 156 од 42.000 евра

Алфа Ромео моментално не е најпосакуваниот бренд, но пред неколку години беше сон на секој вистински љубител на автомобили.

Меѓу моделите кои преставувале престиж е и 156 ГТА со агресивните браници и големите бандажи.

Ентериерот кај овој модел бил подеднакво интересен со спортски кожни седишта, но главниот адут е тамо каде што му е местото, под хаубата.

Алфа Ромео 156 ГТА во себе има 3,2 литарски „V6“ мотор со 250 коњски сили. Во тоа време овој мотор не можел да му парира на тој од БМВ М3, но неговиот звук, посебно на висок гас, го засенува тој факт.

Сега една таква Алфа Ромео 156 ГТА од 2005 година се појави на огласите во САД со само 15.000 поминати километри.

Сопственикот истакнува дека е совршена и од надвор и од внатре, дека е користена исклучиво летно време а кога не била возена била гаражирана.

Тврди и дека менувал масло секоја година, дека ставил нов издувен систем и воздушен филтер.

Единствен „проблем“ кај оваа Алфа е цената, сопственикот бара најмалце 42.000 евра

Брена и Саша по продажбата на „Гранд“ побогати за 15 мил.евра

До крајот на 2019 година „Јунајтед медија“ ќе стане стопроцентен сопственик на „Гранд“.

Лепа Брена и Саша Поповиќ, заедно со Сопругот на Брена  Слободан Живојиновиќ ги продале и останатите 49 проценти од „Гранд продукција“ на компанијата „Јунајтед медија“, која уште во 2014 година го купи пакетот од 51 проценти од акциите за околу 15 милиони евра.

 Саша и Брена со новата продажба заработија уште 17 милиони евра , колку што инкасираа и пред 5 години.

Целата трансакција ќе биде завршена до крајот на годинава.

Според српските медиуми Брена и Саша  до крајот на годината ќе се повлечат од „Гранд“ , но Поповиќ ќе продолжи да работи на сегашните емисии но сега за плата.

Уделот на Лепа Брена во „Гранд“ во преостанатиот дел од Гранд бил 25 проценти, што значи дека ќе заработи 7650 000 евра, а Саша за делот од 24 проценти ќе добие 7350 000 евра.

Фото: Станот на Новак Ѓоковиќ од 9 милиони долари!!!

Пред две години еден од најдобрите светски тенисери во историјата, Србинот Новак Ѓоковиќ купи стан во луксузната зграда „Eighty Seven Park“ на брегот на Мајами Бич. 

Зградата наскоро треба да биде завршена.

Семејството Ѓоковиќ за новиот супер луксузен и екстравагантен стан плати околу 9 милиони долари.

Според фотките од  зградата „ Eighty Seven Park“ Новак и Јелена со децата ќе живеат во фасцинантен и луксузен стан.

притисни ентер