Американка се намачкала со крема за лице и паднала во кома (ВИДЕО)

Жена од Калифорнија е примена во болница во полукоматозна состојба , откако користела крема за лице , купена од Мексико.

Во кремата што ја користела жената имало отровна метил-жива. Нејзиниот син изјавил дека жената е во болница од јули и дека состојбата и се влошува. Била примена во болница со здрвено лице и раце, отежнат говор и проблеми при одењето , а состојбата и се влошува и покрај терапијата. Од болницата велат дека жената имала 2.630 микрограми жива на литар крв, 500 пати повеќе од прифатливото ниво.

Здравствените работници соопштија дека 47-годишна жена од Сакраменто ја купила кремата во аптека во мексиканската држава Халиско и сакала да ја користи поради т.н. ,,старечки пеги” .

притисни ентер