Пожар на Кефалонија , туристите се евакуираат (ВИДЕО)

Голем пожар утрово го зафат островот Кефалонија во Јинското Море , поради што е евакуирано населението од туристичкото место Лурдата.

Околу 6 часот избувна пожар на земјоделско земјиште над местото Лурдата , полно со туристички вили , во кои имало голем број туристи.

Поради силните ветришта при гаснењето на пожарот се користи само еден хеликоптер и еден авион канадер.

Дел од туристите се спакувале и со автобуси биле однесени на безбедно место , додека дел не сакале да ги напуштат куќите.

притисни ентер