Институтот за трансфузиона медицина со европски стандарди и нов начин за прибирање на крв

За година и пол завршена е инвестицијата од 730 илјади евра во унапредвување и стандардизација на Институтот за трансфузиона медицина.

Поквалитетни здравствени услуги , поголема удобност  и намалување на времето за чекање за пациентите на трансфузиологија,  Институтот за трансфузиона медицина доби реновирани простории,  современа апаратура  и нови возила. Реновиран е одделот за продукција, просториите за процесирање на дарувана крв, чување на свежо смрзната плазма.

Со инвестицијата која чини 730 илјади евра се воведуваат европски стандарди за поголем квалитет во трансфузиологијата како една од најзначајните алки во здравствениот систем во државата, бидејќи крвта е драгоцена и спасува човечки животи, вели министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска заедно со вицепремиерот Бујар Османи беше во посета на Институтот.

Директорот на Институтот Садула Усеини информираше дека воведен е и нов метод т.н. „ладен ланец“, кој е современ начин за прибирање на крвта. Во наредниот период следува реновирање и адаптирање на просторните услови во Битола.

Институтот за трансфузиона медицина во Скопје располага со најголемите резерви на крвни компоненти кои бараат соодветни услови за чување обезбедени преку апарати приклучени на електрична енергија. За нивно одржување дониран е агрегат за загарантирано непречено снабдување со електрична енергија и во екстремни ситуации, што е особено значајно во грижата на пациентите, информираа надлежните.

Северина со заводлива фотографија ја најавува новата турнеја

Северина со полна пареа се подготвува за нова турнеја.

Таа турнејата ја најави со заводлива фотографија на која позира во црн корсет, мрежести чорапи и високи потпетици.

„Подготвена за шоу“, најави пеачката со фотографијата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Ready for show🖤 #magictour #bajkazacijeluobitelj #volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca #severina

A post shared by Severina Kojic (@severina) on

Во само половина час таа заработи преку 6.000 лајкови, а фановите во коментарите и не штедеа комплименти.

„Северина- најубава од Бомбај до Берлин“, „Преубава“, „Тооп“, се само дел од коментарите.

Славниот актер не сака да ја запознае својата ќерка

Познатиот холивудски актер Овен Вилсон, кој е познат по улогите во некои од најпознатите комедии има три деца со три различни жени.

Неговите фанови ги шокираше веста дека тој никогаш не ја запознал својата најмлада ќерка. Тоа го открила неговата поранешна девојка Варуние Вонгсвиратес за „Дејли Меил“.

 -Никогаш не ја запозна Лила. Тој помага само финансиски, но тоа никогаш не беше потребно. На Лила и треба татко. Иронично е што Овен постојано во филмовите глуми татко, а сопствената ќерка никогаш не ја запознал, рекла таа.

Варуние на актерот му порачала дека треба да издвои време за својата ќерка.

-Треба да ја видиш својата ќерка. Неверојатна е, многу пропушташ. Изгледа баш како тебе, истакнала таа.

Славниот актер во почетокот не ни верувал дека Лила е негова ќерка, па побарал да направи тест. Но откако е докажано дека тој е навистина татко, пред судот изјавил дека не сака старателство над детето. Славниот актер редовно одржува контакт со синовите од претходните две врски.

Хали Бери и стана опасна конкуренција на Џеј Ло

Таа напорно тренира за нова улога.

Хали Бери на Инстаграм често ја покажува својата фигура, а овој пат ги покажа и стомачните мускули, со какви малкумина можат да се пофалат.

Таа напорно тренира за нова улога. Пред нејзе е снимање на ММА драмата „Bruised“, во која не само што глуми туку и режира. Иако редовно вежба и пази на исхраната, во последно време таа ги интензивирала тренинзите, а резултатите се и тоа како видливи.

-Една од моите цели за филмот „Bruised“. Дефинирани стомачни мускули. Денес конечно ги имама, а чувството е неверојатно, напиша Бери во описот на една од фотографиите и ги поттикна фановите да постават своите фитнес цели.

Резултатот се исплател, а очигледно е и дека Џенифер Лопез добива конкуренција, барем кога се стомачните мускули во прашање.

притисни ентер