Над стотина пожарникари со часови се бореа со огновите во Прилепско , колоната возила долга 25 километри

Над стотина пожарникари од Прилеп,Крушево,Битола  и од Кавадарци ,војници  и работници од  Јавно комуналните претпријатија  со 40 цистерни  повеќе од десет часа од синоќа до доцна по полноќ  водеа битка со огнот. 

Над стотина пожарникари од Прилеп,Крушево,Битола  и од Кавадарци ,војници  и работници од  Јавно комуналните претпријатија  со 40 цистерни  повеќе од десет часа од синоќа до доцна по полноќ  водеа битка со огнот , што се појави на   четири локации на превојот  Плетвар, а поради силниот ветар постоеше опасност од делот на Тројаци преку патот Росоман-Прилеп да се префрли кон Топлица..Поради ова беше  затворен и сообраќајот на овој патен правец,при што од двете страни на Плетвар имаше колона  долга 25 километри..

Пожарот создаде дополнителни проблеми и за оние кои патуваа..Некои патувањето го прекинаа, други преку Кичево  го продолжија кон Скопје а трети упорно останаа во возилата чекајќи да се создадат  соодветни услови ..Ноќеска и денеска Кризниот штаб процени дека овој и пожарите  кај селата Лопатица и Крушевица,Подмол, и на потегот Зрзе и селото Рилево или се ставени под контрола или локализирани ,но се стравува дека ветерот може повторно да ги активира..

Надлежните  претпоставуваат дека причина за пожарите  е човечки фактор..Од противпожарната единица во Прилеп велат дека при синоќешната акција за гасење на пожарот  никој не ги информирал и незнаеле  дали во кругот на  каменоломот на Плетвар имало магацин со динамит...

Во Абиџан запленети 200 тони фалсификувани лекови

Властите на Брегот на Слоновата коска соопштиле дека во текот на неделата заплениле рекордни 200 тони фалсификувани лекови и привеле четири лица.

Лековите, фалсификувани и со погрешно наведени дози се наоѓале во една двокатна куќа.

„Имаше 200 тони. Четири лица се приведени, од кои еден е кинески државјанин“, велат од полицијата.

„Во сите простории на куќата имаше лекови“, додаваат тие наведувајќи дека некои од кутиите биле и со кинески натписи.

Светската здравствена организација наведува дека во Африка годишно умираат околу 100.000 луѓе заради употреба на фалсификувани лекови.

СРАМНО: Екс новинарот „блуе“ говор на омраза и закани, и никој во Македонија не се потресува!

Екс новинарот кој веќе подолг период користи тешки форми на говор на и од омраза, се надмина себе си во еден во своите последни FB коментари !

Бранко Тричковски врши сериозна алузија на убиство, при што сечењето на цреша во дворот на актерката Моника Белучи ( дрво кое може да е биде фиктивно ) го споредува со сечење на главата на прославениот македонски режисер Владе Милчин.

Страшно и загрижувачки е што Јавното Обвинителство изгледа не ни помислува да реагира на вакви бестијални изрази на говор на омраза, каков што е и примерот на кривичната пријава токму за серијал на говор на и од омраза на едно лице познато како Саше Ивановски а поднесена од Канал 5 ТВ!

Треба ли да бидеме сведоци на „реализација“ на тие сериозни облици на говор на и од омраза на разни Бранковци и Сашевци, па дури тогаш тимот на Јовески да го придвижи својот обвинителски „мастодонт“?

Како е можно тимот на тој истиот Јовески да биде брз и ефикасен кога стануваше збор за исто така оправдани тужби за говор на омраза за актерот Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ или пак екс спортскиот водител, Миленко Неделковски?

Дали ОЈО повторно ќе ги отфрли пријавите и т.н. допрен глас, на многу наши сограѓани против овој лик Бранко Тричковски,како што направија лани во Декември, или пак ОЈО реагира само на видео материјали објавени во странски медиуми?

Вучиќ на Твитер: Благодарност до лекарите, од понеделник ќе бидам во полн работен погон

Здравстената состојба на српскиот претседател Александар Вучиќ е стабилна, и тој како што порача на Твитер од понеделник  веќе ќе биде во полн работен погон. 

Вучиќ им се заблагодари и на вработените на Воено медицинската академија во Белград каде вчера беше хоститализиран поради кардиоваскуларни проблеми.

притисни ентер