Сопствениците на најпознатиот американски спортски автомобил го поставија светскиот рекорд во Европа (ВИДЕО)

До каде може да допре погледот , беа наредени американските Мустанзи и тоа не во САД , туку во срцето на Европа, Белгија.

На собирот на љубителите на Форд Мустанг беше урнат светскиот рекорд.

Сопственици на сите генерации на Мустангс се собраа на полигонот за тестирање на Форд Ломел, во Белгија. Никогаш порано, толку многу Мустанзи не биле видени на едно место, па ова е еден вид светски рекорд.

Во Белгија се собраа  1.326 Mустанзи , 486 повеќе отколку на последниот ваков собир пред две години во Мексико. Белгија е најпопуларен пазар на Мустанг во Европа во однос на населението.

Инаку, во првата половина од годината, во Европа се продадени околу 5.500 Мустанзи, 3,7% повеќе од претходната година.

Фото: Ана Николиќ во провокативно издание

Откако успеа да ги симне килограмите и да ја врати својата линија, Ана Николиќ ужива да носи провокативни комбинации.

Таа повторно ги изненади своите фанови со објава на Инстаграм на која носи облека која ја истакнува нејзината фигура. Ана позираше во тесен црн фустан покажувајќи ги своите бујни гради и долги нозе.

Пејачката оваа комбинација ја дополнила со длабоки чизми и црвен капут. Очигледно е дека сега Ана изгледа прекрасно.

Пеачката во коментарите на фотографијата откри и дека наскоро ќе издаде нов албум, како и дека една од песните ќе се вика „Ти си крив“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

„Ti si kriv . .“ 💄#newsong . #newalbum #soon #klinika #ananikolic

A post shared by 𝐀𝐍𝐀 𝐍𝐈𝐊𝐎𝐋𝐈𝐂 (@ananikolicofficial) on

Филипче: 134 медицински сестри почнаа со шест месечна работа во Службите за патронажна дејност

Од понеделникот, 134 медицински сестри почнаа со шест месечна платена работа во Службите за патронажна дејност во 17 здравствени домови и во 2 општи болници со проширена дејност на територија на Македонија.

Министерот за здравство Венко Филипче ги посети и им посака успешен старт на медицинските сестри во Здравствениот Дом во Скопје.

„Чест ми е што на нашиот медицински кадар му овозможуваме достоинствени услови за работа. 42 медицински сестри почнаа со работа во Здравствениот дом во Скопје, а 92 други медицински сестри низ целата држава. Се грижиме за здравствените работници, тука да работат, во македонското јавно здравство. На патронажните сестри им посакувам успешен старт, а ние ќе продолжиме со вистински мерки и политики за да ги мотивираме да останат и да работат во  Македонија“, потенцираше министерот Филипче и додаде дека за 2 години издадени се повеќе од 5000 согласности за вработувања и зголемени се платите на здравствените работници. 15% на докторите специјалисти, 10% на медицинските сестри

Патронажните сестри во Скопје ќе бидат распоредени во патронажните пунктови во Поликлиника Чаир, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Драчево, Бит Пазар и Ченто, при Здравствен Дом - Скопје, за граѓаните на градот Скопје и околните населени места.

„Патронажните сестри се поделени по тимови, во 6 пуктови. Ќе одат на терен, во домовите на граѓаните и ќе се грижат за здравјето на оние на кои им е најпотребно. Благодарност на Министерството за здравство за реализираната мерка, со која докажуваме дека се грижиме за човечкиот капитал во нашата земја. Со 42те медицински сестри значително ќе го зголемиме капациентот на Здравствениот дом во Скопје“, истакна директорот на Здравствен Дом, Виктор Исјановски.

Во Кочани и Ресен успешно се реализира моделот интегрирана здравствена и социјална заштита. Стручен тим од медицински сестри, физиотерапефт, неговател и социјален работник оди во домовите и се грижи за здравјето на пациентите. Со ова, здравствените услуги се доближуваат поблиску до граѓаните.

Фото: Колку се разликуваат новата и старата Октавиа?

Дека новата Окравиа визуелно е значително различна од претходната,најдобро покажува споредбата на фотографии од двата автомобила.

Шкода со новата Октавиа направи голем исчекор напред во полето на дизајнот, како на надворешноста така и во внатрешноста на автомобилот.

Новиот модел изгледа значително помодерно во споредба со старата изведба, без обѕир дали се работи за лимузинската или караванската верзија.

Драстичните разлики се воочливи и во патничката кабина, особено во поглед на дизајнот на командната табла и управувачот, во што исто така можеме да се увериме од фотографиите.

притисни ентер