Славниот пејач објави дека од денеска се идентификува во множина

Британскиот пејач Сем Смит побара за него да се зборува со родово неутрална заменка ,,тие” наведувајќи дека цел живот е во војна со својот род.

27-годишниот музичар и добитник на Греми наградата , објави пост на Инстаграм со наслов „моите заменки се нив / нив“.

"Решив да се прифатам себеси каков што сум, внатре и надвор. Јас сум возбуден и привилегиран што сум опкружен со луѓе кои ме поддржуваат во одлуката, но многу сум нервозен поради тоа што ќе го објавам затоа што премногу се грижам за тоа што мислат луѓето", напиша хит пејачот на „Остани со мене“.

Постот на Инстаграм на Смит доби повеќе од 400.000 лајкови.

Смит рече дека е премногу рано да се објасни „што значи да се биде небинарен“, но најавата доаѓа шест месеци откако пејачот напиша на социјалните мрежи дека не е „ниту маж, ниту жена“, но лебди „некаде помеѓу нив“.

Смит освои четири Греми во 2015 година, откако го издаде својот деби-албум, Во осамениот час, за невозвратена љубов.

Смит им се придружи на големиот број луѓе кои сакаат да ги користат заменките ,,нив” за идентификација на себеси , вклучувајќи ги Џил Соловеј, награден со Еми за трансродовата серија и Азија Кејт Дилон од телевизиската серија „Милијарди“.

Трамп за Кина: Нашите односи се нарушени, можеа да ја спречат епидемијата

Американскиот претседател Доналд Трамп денес оцени дека односите помеѓу САД  и Кина се „сериозно нарушени“, наведувајќи ја кризата со коронавирусот.

Тој рекол дека за сега не планира втора фаза од економскиот договор потпишан во јануари помеѓу двете светски сили.

Трамп повторно во изјава го обвини Пекинг за кризата со коронавирусот.

„Кина можеше да ја запре епидемијата со коронавирусот“.

Прашан за втората фаза од комерцијалниот договор потпишан после две години трговска војна тој одговорил:

„Не размислувам околу тоа за сега. Искрено, имам многу други работи за кои треба да мислам“.

Велешкиот суд му одреди притвор на Панчевски

Судот во Велес денеска му одреди притвор на поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски.

Информацијата за Канал 5 ја потврдија извори од велешкиот суд, појаснувајќи дека притворот му е одреден затоа што тој не се појавил на денешното рочиште, а не бил присутен ниту неговиот бранител.

Пред една година скопското обвинителство поднесе обвинителен предлог против Панчевски за злоупотреба на службената положба во врска со АКМИС-от, системот за управување со судските предмети во кривичниот суд. Предметот се суди во Велес за да се избегне евентуална пристрасност во Скопје поради тоа што Панчевски беше претседател на кривичниот суд.

Зибери: Идејата за првиот премиер Албанец претставува моќен симбол за еднаквост

Кандидатот за премиер од редовите на ДУИ, Насер Зибери, денеска со караванот „Оствари го сонот" ги посети Теарце, Порој, Челопек, Жеровјане, Камењане, Голема Речица и Мала Речица.

Зибери разговараше со граѓаните од овој регион за предизвиците со кои се соочуваат, презентирајќи ги своите планови, заложби и идеи за иднината на овој регион, а исто така граѓаните имаа можност да добијат и одговори на прашањата кои ги засегаат во секојдневниот живот.

На средбите Зибери со соговорниците дискутираше и за неговите заложби за првите 100 дена од неговиот мандат, за важноста на ова патување, откривајќи ја идејата за првиот премиер Албанец, што претставува моќен симбол за еднаквост, мултиетничка припадност и современа демократија, а исто така е и идеја за подобар живот за сите.

Зибери од жителите на овој регион побара поддршка за оваа идеја не само од албанските граѓани, туку и од Македонците и другите етнички заедници./МИА

притисни ентер