Оувен Кери во 2017 го славел 18- тиот роденден во британскиот синџир за брза храна , Бајрон.
Кога го нарачал бургерот, во која едната состојка била млечен продукт, го предупредувал персоналот за неговата алергија на млечни производи и тие го увериле дека хамбургерот е погоден за него.
Сепак, тој добил алергиска реакција и починал во рок од еден час.
„Починатиот го информирал персоналот за неговите алергии. Според менито, имало алергени во производот“, рече истражителката Бриони Балард во писмената изјава.
„Починатиот не бил свесен за можните алергени. Храната што ја консумира содржи млечни производи што предизвикало силна анафилактичка реакција“, додаде Балард.
Неговото семејство повикува на промена на законот, така што ваквите ситуации повторно не се случуваат.
„Ние контактиравме со владата за промена на законот за алергени на менијата во ресторанот“, велат од неговото семејство.
„Сакаме рестораните да имаат јасни информации за алергени во секое јадење на менито. Прехранбената индустрија треба да ја стави на прво место безбедноста на своите клиенти“, додаваат тие.
„Едноставно не е доволно да се има закон што зависи од вербална комуникација помеѓу клиентот и персоналот, бидејќи тој честопати е спречен од бучната атмосфера на ресторанот“, заклучуваат тие.
Денеска почна судењето во кое семејството на момчето го тужи ресторанот , а на рочиштето во судот во Лондон беаз присутни и родителите на 15- годишно девојче , кое на сличен начин починало во ресторан за брза храна во 2015.
Бајрон е еден од најпопуларните ланци на ресторани во Велика Британија со десетици гранки низ целата земја.